Граѓанинот Славе Беловинов кој гласа на Избирачкото место 0285, во објектот на Домот на култура воПирава, го има на електронскиот Избирачки список. Кога се обидел да го оствари своето гласачко право на локалниот референдум во Валандово, околу 13 часот, Избирачкиот одбор го известил дека не е на Избирачкиот список.
Истиот случај е со граѓанинот Џоко Танев кој, кој според Избирачкиот список, објавен на веб-страницата на Државната изборна комија, гласа на избирачкото место 0286 во Основното училиште „Гоце Делчев“ во селото Пирава. Според Избирачкиот одбор на тоа избирачко место, и него го нема на Избирачкиот список, , така што не можел да го искористи своето гласачко право.
Мобилниот тим на ЦИВИЛ – Центар за слобода е и понатаму, на терен и го набљудува референдумското изјаснување во Валандово.
[divide]
ЦИВИЛ ги објавува информациите од теренот на медиумската платформа на ЦИВИЛ Медиа, во рамките на проектот Слободни медиуми за слободно општество, финансиран од Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија