Авионот со најдолгиот комерцијален лет во светот успешно слета на аеродромот во Оукленд. Летот од Катар до Нов Зеланд, на релација од 14.535 километри, траеше 16 часа, а патниците од Доха до крајната дестинација, поминаа десет временски зони!
„Катар Ервејс“ го користеше „Boeing 777-200LR“, авион лансиран во 2006 година, специјално дизајниран за долги летови. Авионот бил управуван од четворица пилоти, а екипажот задолжен за грижа на патниците бил составен од петнаесет членови.
„Сингапур ерлајнс“ следната година планира да ја преземе титулата за најдолг директен лет, од Њујорк до Сингапур, неверојатно патување кое е за илјада километри и за два часа подолго од актуелниот рекорден лет на „Катар ервејс“.