Велија Рамковски, бизнисмен и сопственик на некогашната телевизија „А1“ и весниците „Шпиц“, „Време“ и „Коха е Ре“, како и на неколку други фирми и бизниси, денеска излезе од затворот „Идризово“. Новинската агенција МЕТА ја пренесува информацијата, врз основа на Фејсбук објавата на неговата ќерка Лејла.
Според решението, Рамковски ќе мора да се врати во затворот, за да го издржи остатокот од затворската казна од 13 години. Пуштен е на слобода заради лекување.
Велија со неговата постара ќерка Емел, со неговиот брат и други членови на семејството и со вработени во неговите фирми, беше уапсен на 24 декември 2010 година и оттогаш беше зад решетки.
Во судскиот процес „Пајажина“ на 14 март 2012 година, Рамковски е осуден на затворска казна од 13 години.