ВМРО-ДПМНЕ, партијата чии највисоки претставници се дел од истрагите на СЈО за злоупотреби, криминал и изборна кражба, денеска издаде соопштение според кое „министрите наместо на работа, за што се платени од граѓаните и земаат плата, тие се во партиските штабови на СДСМ. Наместо сопствени возила, тие користат државни ресурси“.
Во соопштението не се пропушта да се обвини новата власт дека спроведува политичка хајка поради стравот од резултатите од претстојните локални избори.