Државната изборна комисија до истекување на предвидениот рок примила 74 приговори. До последното ажурирање на листа на приговори, во обработка се уште два приговори од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за гласачкото место 2870, општина Центар и од Алијанса за Албанците за гласачкото место 0387/1, општина Гостивар.
Најмногу приговори, односно вкупно 48, се поднесени за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од првиот круг од локалните избори, од кои 45 се приговори на ВМРО-ДПМНЕ, еден на Алијансата за Албанците и два од ТМРО.
Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот од решението, во рок од 48 часа Управниот суд е должен да донесе одлука по нејзиниот прием.