По трагичниот инцидент во кој една граѓанка го загуби животот, откако беше прегазена од возило за достава на стока во сообраќајниот хаос, жителите на скопско Дебар Маало, здружени околу иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“, денеска во 18 часот ќе организираат мирен протест, пред Министерството за култура.
Со повикот – „Дојди на мирен протест, за безбедни улици и тротоари за пешаци, во Дебар Маало, за твоето маало, за целиот град!“, дебармаалци кои и порано бараа да се стави крај на градеѓното насилство, денеска ќе протестираат против „окупираните тротоари, неконтролираното градење, нерешениот паркинг простор и лошиот режим за дотур на стока, што го направија маалото, небезбедно за живеење“.