Комитетот за заштита на правата го поздрави ставот на Јавното обвинителство за прифаќање на жалбите и за повторување на случајот „Монструм“, со цел е да се отстранат сомневањата за веродостојноста на доказите и вештачењата.
Од Комитетот го повикуваат Врховниот суд да постапи независно и непристрасно и да го врати предметот на повторно одлучување, а надлежните органи и Судот да ја утврдат вистината и да бидат казнети виновниците.
Од Комитетот велат дека реформите во правосудството ќе можат да се случат, само доколку претходно се расчистат монтираните, односно политички мотивираните случаи како што ги нарекува меѓународната заедница.