Американскиот Врховен суд делумно ја врати наредбата на претседателот Доналд Трамп, со која се воведува забрана за влез на лица од шест претежно муслимански држави во САД.
Стејт Департментот соопшти дека уредбата на Трамп ќе стапи на сила на 29 јуни.
Засега, одлуката се однесува за државјани од Сирија, Либија, Иран, Судан, Сомалија и Јемен, кои немаат веродостојна потврда за добри односи со лице или со некоја организација во САД.
Трамп ја поздрави ваквата одлука на Врховниот суд и прогласи „јасна победа за националната безбедност“.
Врховните судии се обврзаа дека во октомври ќе донесат конечна одлука дали забраната ќе биде целосно вратена во сила или укината.