Единствениот весник на македонски јазик во Албанија „Илинден“, што го издава истоименото здружение на Македонците од Тирана, одбележува пет години од првиот број Во изминатиов период, весникот предизвика голем интерес кај читателите меѓу Македонците во Албанија.
Весникот со својот пристап во објавување на темите е доста интересен и корисен за македонското малцинство во Албанија. „Според бројната преписка, која пристигнува на електронската пошта до нашата редакција, како и од другите преписки со читателите, евидентно е дека весникот ‘Илинден’ прерасна во медиум кој со сериозноста и со пристапот во објавувањето на темите, е интересен и е од полза за македонското малцинство во Република Албанија. Но, исто така, и за промоција на активностите на македонската дипломатија, во правец на подобрување на животот на македонското население вон границите на својата држава“, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник на весникот.