Уште една, веќе седма жртва во КПД „Идризово“, годинава! Затвореник од Идризово почина вчера во болница. Според информациите на МВР, синоќа, пет минути по полноќ, во ГОБ „8 Септември“ починал В.К. (46) од Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција за да се утврди причината за смртта.
ЦИВИЛ – Центар за слобода со години ги повикува институциите да преземат итни мерки за подобрување на условите во затворите, за почитување на човековите права на притворените лица и затворениците и за укинување на тортурата во притворите и затворите во Република Македонија. Во согледувањата на експертите за состојбите во оваа сфера се вели дека со години, притворот се користи како сурова казнена мерка.