Македонскиот центар за македонска соработка (МЦМС) организира тркалезна маса „Зајакнување на улогата на граѓанските организации во Македонија за развојна соработка и глобални прашања“ на 7 септември од 10 до 14 часот во хотел Арка, Скопје.
Настанот е предвиден да се одвива во две сесии. Целта е присутните да се информираат за досегашниот напредок во областа на развојната соработка на Македонија, како примател на помош, но и за потенцијалот на државните институции и граѓанските организации за заедничко создавање на квалитетни развојни политики релевантни за процесот на пристапување кон ЕУ.
Првата сесија ќе ги информира учесниците за напредокот на развојните политики преку анализа подготвена од МЦМС, а втората сесија е наменета за запознавање со наодите од регионалниот документ за јавни политики и вклученост на граѓанските организации во Одржливите развојни цели во Западен Балкан подготвен од МЦМС и ИДМ – Албанија, со фокус на состојбата во Македонија.
Настанот е дел од регионалниот проект „Подготовка за развојна помош“ на МЦМС со финансиска поддршка од Австриската развојна агенција и Хоризонт 3000.
Според агендата се предвидува на тркалезната маса да учествуваат и Виктор Димовски, државен секретар на Министерството за надворешни работи, Софија Зафировска од Секретаријатот за еворпски прашања, Соња Стефаноска-Трајаноска, Канцеларија на постојниот координатор на Обединетите нации, а се очекува воведно обраќање од амбасадорката на Република Австрија, Ренате Коблер.