Еден ден по одбележувањето на Светскиот ден на бегалците – 20 Јуни, во Унгарија започна судењето на единаесет лица, обвинети за смртта на 71 мигрант, кои се задушија во камион-ладилник, пред две години.
Обвинителите на денешното судење побарале доживотна казна за четирите шверцери на луѓе, кои се соочуваат со обвиненија за убиство. Останатите обвинети лица се соочуваат со пократки затворски казни и со протерување од земјата.
Мигранти од Сирија, Ирак и Авганистан беа меѓу жртвите пронајдени во задниот дел на камион-ладилник со унгарски регистарски таблички, напуштен во експресната лента на автопатот А4 во близина на Парндорф, Австрија, недалеку од границата со Унгарија, на 27 август 2015 година.
Во камионот се задушија 59 мажи, осум жени и четири деца.