„До сите радиодифузери веќе е испратен допис во кој прецизно се информираат за обврските од Изборниот законик до коишто треба да се придржуваат до започнувањето на изборната кампања, а ќе се одржат и посебни обуки“, се вели во денешното соопштение на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Денес започнува мониторингот на известувањето на радиодифузерите за Локалните избори 2017 година, што го спроведува Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, согласно Изборниот законик.
Агенцијата на секои 10 дена ќе објавува извештаи за начинот на известување на радиодифузерите за предизборните активности. Методологијата за мониторинг и Изборниот законик се достапни на веб-страницата на АВМУ, под банерот Избори 2017, каде ќе се објавуваат сите информации поврзани со Локалните избори.
Од денот на распишување на изборите тече рокот од пет дена, во кој сите телевизии и радија коишто ќе емитуваат платено политичко рекламирање за време на изборната кампања, треба да ги утврдат и достават ценовниците до АВМУ, до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата.