Затворските чувари се пожалија дека имаат стари униформи од пред десетина години и дека не им се исплаќаат прекувремените часови работа, за што сведочат околу 150 добиени судски пресуди! Тие бараат од надлежните институции да се реши нивниот статус, односно, да се усогласат и израмнат со статусот на вработените во МВР.
„Униформа бараме од МВР, за да изгледаме пристојно. Не смееме да носиме оружје, а работиме со специфична група на граѓани и затоа бараме да се реши нашиот статус“, вели Антонио Стојчевски, од службата на затворска полиција и претседател на синдикалната организација на затворската полиција и администрација при КПД „Идризово“.
Текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Маја Ивановска