Федерика Могерини, Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, го покани Зоран Заев на неформална вечера во Брисел, со премиерите на шесте балкански држави.
Како што известуваат медиумите, од кабинетот на Могерини, Заев е поканет како „определен за иден премиер“, додека Емил Димитриев, техничкиот премиер, останува во Македонија.
Утре се очекува билатерална средба меѓу Заев и Могерини, а потоа, и средба со премиерите на Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.