Алијансата за Албанците одржа митинг на платото на кај споменикот на Скендербег, вечерта на 8 октомври, малку пред почетокот на централниот митинг на СДСМ пред Владата. Според извештајот на набљудувачот на ЦИВИЛ, присутни беа над 1.500 поддржувачи на оваа партија.
Зиадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците, го критикуваше Али Ахмети за непринципиелност и му порача дека нема што да бара во Струга. Ова, особено откако ДУИ сепак, истакна кандидат за градоначалник во Струга, чиј градоначалник беше Села, а претходно ја доби поддршката од Алијансата во Кичево.