Categories

ИЗБОРИ ЦИВИЛ со последни пораки до јавноста, ден пред изборниот молк

На ден пред изборниот молк, ЦИВИЛ – Центар за слобода ги поканува медиумите, претставниците на граѓанските организации и набљудувачките мисии, набљудувачите на ЦИВИЛ и сите заинтересирани граѓанки и граѓани на јавна презентација, в петок, 13 октомври, во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот.

ЦИВИЛ ќе упати пораки до јавноста и препораки до политичките партии и институциите и ќе го презентира својот план за денот на гласањето.

Воедно, за претставниците на медиумите ќе биде подготвен печатен извештај од прес конференцијата која се одржа на 10 октомври.

Презентацијата ќе биде достапна и на Фејсбук профилот на ЦИВИЛ.

Print Friendly, PDF & Email