ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција во 21:15 часот, со прелиминарен извештај од изборниот мониторинг на првиот круг од локалните избори во Република Македонија.
Панел дискусијата со членовите на Експертскиот борд на ЦИВИЛ, Александар Новакоски, Сандра Гавриловска и Сашо Орданоски и членовите на Координативното тело на ЦИВИЛ ќе се одржи во 21:30 часот. Модератор на панел дискусијата ќе биде Џабир Дерала, ЦИВИЛ.
Промената на термините е за да им се даде време на другите организации и ДИК да ги соопштат своите наоди пред јавноста.