ЦИВИЛ – Центар за слобода спроведува долгорочно набљудување на политичките процеси и состојбата на човековите права и слободи и во постизборниот период, а мониторингот е особено засилен по распишувањето на локалните избори на собраниската седница од 6 август.
Во фокусот на ЦИВИЛ се функционирањето на институциите на централно и локално ниво, финансирањето на партиите и работата на медиумите: Понатаму, за ЦИВИЛ се важни начините на кои функционираат институциите кои се релевантни на изборниот процес, како што е Државната изборна комисија.
Што се однесува до медиумите, ЦИВИЛ спроведува специфичен мониторинг во контекст на локалните избори, кој ги вклучува и интернет медиумите.
Воедно, ЦИВИЛ засилено работи на подобрување на сопствената продукција која е специјализирана и отворена за користење од сите останати медиуми во земјата.
Како и секогаш, ЦИВИЛ и им стои на располагање на граѓанките и граѓаните, кои сакаат да пријават нерегуларности во текот на спроведувањето на референдумот. Пријавите за нерегуларности може да се поднесуваат на тел: 02 / 520 91 76 и 071 / 608 523, а на располагање се и веб-страницата Слободни избори за пријава на изборни нерегуларности и истоимената Фејсбук страница.
Пријава на политички притисоци, мобинг и дискриминација е онлајн аликација достапна на граѓанките и граѓаните во секое време да пријавуваат нерегуларности.
ЦИВИЛ во текот на референдумот ќе ја информира јавноста преку соопштенија, преку прилози на веб-страницата ЦИВИЛ Медиа и преку информации на социјалните мрежи на ЦИВИЛ за резултати од набљудувањето на терен.