Уапсен Јахи Јахија од ДУИ, државен секретар во МИОА
Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, Јахи Јахија, функционер на ДУИ од Куманово, денеска е уапсен по налог на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска.
Јахија е сомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања, земање провизија од добиен тендер и за злоупотреба на европски ИПА фондови. Секторот за организиран криминал и корупција од МВР извршил претрес во просториите на МИОА, сведочат вработени во институциите поставени во објектот на Нова Македонија кадешто се наоѓа и МИОА. Претрес се вршел и во куќата на Јахија каде тој бил затекнат и уапсен утринава. За високиот функционер на ДУИ неофицијално се очекува обвинителството да бара и притвор. Ова е првиот упасен функционер на ДУИ, по бројните реакции во јавноста дека органите на правдата ги штедат функсиомерите на оваа партија заради политички калкулации.
Чичаковски сака да биде судија
На денешната седница на Судскиот совет на Република Северна Македониа беше соопштено дека поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски конкурирал за судија во Управниот суд.
Чичаковски, како што беше посочено на седницата, може да оди понатаму во изборот заедно со другите кандидати кои положиле компјутерски вештини.
Тој ќе биде запамтен во јавноста по аферата со делење бонуси заедно со другите членови на ДИК, заради што поднесоа оставки веднаш по парламентарните избори во 2016.
Откажана расправата за Предлог-законот за попис
Откажана е денешната расправа на собраниската комисија за европски прашања, на која денеска требаше да биде разгледан Предлог-законот за попис кој е планирано да биде реализиран во 2020 година.
ВМРО-ДПМНЕ се заканува дека ќе го бојкотира пописот ако власта не ги консултира
Зоран Заев продолжува со практиката на трговија со највисоките национални и државни интереси само за да се задржи што подолго на власт. Овој пат одлучи шверцерски, без консултации да изготви закон за попис на кој што по испробан рецепт му стави европско знаменце, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој додаде дека доколку власта се одлучи да продолжи на таков начин на носење на законско решение за спроведување на попис кој што остава можност за сомневање во пописните резултати, остава можност ВМРО-ДПМНЕ и голем дел од граѓаните да не учествува во попишувањето организирано на начин спротивен на демократските процеси.
Гарантиран минимален приход земаа 25.794 домаќинства
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека денеска 25.794 домаќинства на нивните трансакциски сметки добија гарантиран минимален приход, која што за поголемиот дел од нив е зголемена за 100%. На сите овие домаќинства коишто имаат деца дополнително им е исплатен и детски и образовен додаток. Аплицирањето за новите права е се уште во тек и очекуваме овие бројки да продолжат со растат.
„Навистина ми е драго што спроведувањето на реформата се одвива непречено и нашите најранливи граѓани конечно ја добиваат помошта која им е потребна. Со овие промени ја намалуваме сиромаштијата во државата, овозможуваме еднаков старт за секое дете, ги унапредуваме правата на лицата со попреченост и го подобруваме квалитетот на предучилишното образование“, изјави Царовска.
Прва поштенска марка „Деца со ретки болести – Алпорт синдром“
Македонска пошта издаде нова поштенска марка посветена на децата со ретката болест Алпорт синдром. Марката денеска излезе од печат и е прва таква марка во светот издадена за оваа ретка дијагноза. Инцијативата за нејзиното издавање е на активистката за ретки болести, инаку вработена во Македонска пошта, Лолеска Гордана.
Заврши учебната година, проблемите останаа
И оваа година за дел од учениците заврши без некои потребни учебници, скриените трошоци ни одблиску не го направија бесплатно школувањето, наставните програми сеуште не се реформирани од времето на Груевски. Утре е последниот училишен ден 270 илјади средношколци и за 20.000 првачиња кои ја завршија учебната 2018/2019 година.
Младите тетовчани со уметност против насилството
Креативната работилница „Обединети против насилството“ што ЦИВИЛ ја одржа во Тетово во соработка со Општина Тетово, СВР Тетово и основните и средните училишта помина во одлична атмосфера каде до младите теотвчани покажаа умешност и генијалност преку своите идеи и решенија во борбата против насилството.
Д. Муратов