По убиството на новинарот Џамал Кашоги, Кралството Саудиска Арабија повторно го сврте вниманието на светот кон себе. Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека смртта на Џамал Хашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул е „дивјачко убиство“.
Но, убиството на Кашоги е последниот од долгата листа на прекршувања на човековите права во Кралството.
1. Катастрофалната војна во Јемен
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија значително придонесе за војна која го уништува Јемен повеќе од четири години, при што загинаа илјадници цивили, вклучително и деца, со бомбардирање на болници, училишта и домови.
Амнести интернешнал ги документираше постојаните прекршувања на меѓународното хуманитарно право, вклучувајќи ги и воените злосторства. И покрај сето ова, земјите како САД, Велика Британија и Франција и понатаму продолжуваат да прават профитабилни договори за оружје со Саудијците.
2. Немилосрдни мерки за мирни активисти, новинари и академици
Откако на власт дојде принцот Мохамед бин Салман, многу активисти беа уапсени или осудени на долги затворски казни, едноставно само затоа што се обиделе на мирен начин да ги остварат своите права на слобода на изразување, здружување и собирање. Властите се насочија кон малата но гласна заедница на бранители на човековите права, па дури и со користење на антинационалистички и антисајбер-криминални закони за да го потиснат нивниот мирен активизам насочен кон откривање и решавање на прекршувањата на човековите права.
3. Апсења на бранителите на правата на жените
Во мај 2018 година, голем број на истакнати бранители на правата на жените беа уапсени во акцијата на саудиските власти за сузбивање на заедницата за човекови права. Лојан ал Хетлул беше еден од многуте кој остана притворен без никакво обвинение. По нивното апсење, владата започна кампања чија цел беше овие лица да ги дискредитира како „предавници“. Тие сé уште се соочуваат со судења и ризикуваат долга затворска казна.
4. Егзекуции
Саудиска Арабија е постојано меѓу врвните џелати во светот каде се убиваат и по десетици луѓе годишно, од кои многумина во јавни обезглавувања. Сметаме дека смртната казна го крши правото на живот и е суров, нечовечки и деградирачки чин. Покрај тоа никаде во светот нема докази дека смртната казна го одвраќа криминалот. Но, Саудиска Арабија продолжува да ги осудува луѓето на смрт и да спроведува груби и нефер судења. До сега во 2019 година, Саудиска Арабија егзекутирала 104 лица, од кои 37 во само еден ден во април.
5. Сурови, нечовечни и деградирачки казни
Судовите во Саудиска Арабија и понатаму наметнуваат сурови казни за чудни прекршоци на нефер судења. Раиф Бадави беше осуден на 1.000 удари и 10 години затвор за пишување блог. Ампутации и вкрстени ампутации, кои претставуваат тортура, се дел од казните за некои кривични дела.
6. Рутинска тортура во притвор
Затвореници и поранешни притворени лица обвинети на суд, велат дека употребата на тортура и други видови на злоставување на затворениците од страна на безбедносните сили станува вообичаена и широко распространета практика. Одговорните никогаш не се изведени пред лицето на правдата.
7. Системска дискриминација на жените
Жените и девојките се уште се соочуваат со вградена дискриминација во Саудиска Арабија и се законски подредени на мажите кога станува збор за брак, развод, старателство над деца, наследство и други аспекти. Според системот на старателство, жената не може да одлучува самостојно. Наместо тоа, маж, член на нејзиното семејство мора да одлучи се во нејзино име.
8. Вградена религиозна дискриминација
Членовите на шиитското малцинство во Британија продолжуваат да се соочуваат со вградена дискриминација што го ограничува нивниот пристап до државните служби и вработувањето. Голем број активисти на Шиа се осудени на смрт или долги затворски казни за нивното учество во анти-владининте протести од 2011 и 2012 година.
9. Што се случува во царството, останува во царството.
Властите во Саудиска Арабија се познати по своите казнени дејства, вклучително и преку судовите, особено кога станува збор за активистите и членовите на семејствата на жртвите кои контактираат со независните организации за човекови права, како што се Амнести интернешнал или странски дипломати и новинари.
10. Убиството на Џамал Кашоги
По ужасните убиства на Џамал Кашоги, Амнести интернешнл побара од генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутерес, да воспостави независна истрага на ОН за околностите околу убиството на Кашоги, можната тортура и сите други злосторства и прекршоци извршени во овој случај.
извор: Amnesty International