Во Истанбул полицијата упасила 127 лица за обид на нелегално одржување на демонстрации на неколку локации во градот на прославата за 1 Мај. Со полициски кордон околу плоштадот Таксим полицијата ги спречи демонстрантите да влезат и да протестираат.
“Плоштадот им припаѓа на луѓето и не може да биде затворен. Да живее 1-ви мај”, извикуваа демонстрантите додека полицијата ги приведуваше.
Полицијата претходно дозволила да се одржи церемонија на плоштадот Таксим, на којашто присуствувале синдикални водачи, а друга група граѓани положиле каранфили на улица блиску до плоштадот. Властите ја одобрија прославата на 1-ви мај во областа Бакиркој.