• Latest

Антикорупционерите се вселија во нови простории, обезбедени соодветни услови за новиот софтвер

March 10, 2021
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Антикорупционерите се вселија во нови простории, обезбедени соодветни услови за новиот софтвер

March 10, 2021 13:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата почна со вселување во новите простории – 2 430 метри квадратни на три ката во зградата на Службата за општи и заеднички работи, спротив МНР, со што се решава просторниот проблем на антикорупционерите и се овозможува ставање во функција на софтверот и опремата за поврзување на антикорупционерите со останатите 17 институции од кои треба да се црпат информации, при откривање на случаи поврзани со корупција и судир на интереси.

Со ова конечно се решава еден наследен проблем и после неколку различни обиди обезбедување соодветни простории за функционирање и работа, порача денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, по направениот увид во новите простории заедно со директорот на Службата за општи и заеднички работи Пеце Мирчевски и претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

– Оваа влада покажува комплетна насоченост и почитување кон сите независни и регулаторни тела во државата, а пред се кон ДКСК и останатите независни институции. Изминатиот период лично се заложив за Комисијата да добие нови простории и се донесе одлука на Влада за ДКСК да добие три ката во оваа зграда, што се најдобрите простории со кои моментално располага државата. Со одлука на Влада на ДКСК во рамки на буџетот се одвоија и 49 милиони денари за изработка на регистар за избрани и именувани лица, електронско доставување на изјавата за имотна состојба и интереси, нивно објавување. Систем на прибирање на податоци од други институции, нивна обработка, модул за менаџирање со документи и одржување на целокупниот регистар, кој што е неопходен за поврзување на  ДКСК со останатите 17 институции од кои треба да се црпат информации, при откривање на случаи поврзани со корупција и судир на интереси. За овој регистар е објавен меѓународен тендер, по што ќе биде имплементиран, изјави Николовски.

Тој посочи дека веќе се работи на измени на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, во кој ќе бидат допрецизирани работите кои ДКСК и останатите независни тела и сите ги увиделе како недостатоци и недоречености во постојниот закон.

– Во процесот на откривање на корупцијата е важна координацијата и навремена размена на информации меѓу сите надлежни институции и надлежни тела. Во тој контекст воведовме пракса на редовни координации со членовите на Комисијата еднаш на две недели. Дополнително координацијата со сите антикорупциски институции, која е под моја надлежност, е важна за спроведување на сите мерки од веќе усвоениот План за борба против корупцијата, изјави Николовски.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, рече дека конечно решиле еден од најголемите проблеми на Комисијата, да има сопствен простор каде ќе може соодветно да функционира.

– После се што помина, добро е што конечно се најде решение. Со тоа решение одговараме на обврските пред меѓународната заедница, која ни испорача помош во вид на опрема – сервери, за кои што конечно во овие простории најдовме соодветни услови. Со тоа се решава едно големо прашање. Останува уште овој простор да се прилагоди за нашите потреби. Тоа ќе одземе некој период на време, но и тоа ќе се заврши, изјави Ивановска.

Во однос на обезбедувањето на софтверот за електронско поврзување со другите институции, Ивановска, рече дека со овогодинешниот буџет Владата обезбедила средства и тие веќе имаат распишано тендер за изработка на апликативно решение, што очекува да биде завршено до крајот на месецот и до крајот на годината да биде целосно применливо.

– За надминување на третиот предизвик – недостиг на човечки ресурси. Согласно планот за нови вработување и унапредувања, веќе постапивме и направивме унапредување на постојните кадри, со што се отвори простор за нови вработувања. Во тек е и таа постапка, да добиеме согласност од надлежните институции и да објавиме јавен конкурс, изјави Ивановска.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи Пеце Мирчевски, рече дека ДКСК добила простор од 2 430 метри квадратни во современ објект и дека Службата стои на располагање за се што е потребно.

Во истата зграда со ДКСК се сместени и Финансиската полиција и Управата за разузнавање.

Со новиот буџет за 2021 година ДКСК има и 38 милиони денари за доопремување и модернизирање.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    168 shares
    Share 67 Tweet 42
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ