Попладнево во Скопје пристигнаа 44 граѓани на Авганистан. Ова е втора група Авганистанци кои слетаа во Северна Македонија, откако минатиот месец Талибанците ја преземаа контролата врз земјата.
Авганистанците кои денеска пристигнаа се активисти од организацијата Тurquoise Мountаin, а меѓу нив има и членови на нивните семејства, соопшти Владата на Северна Македонија.
По слетувањето направени врз нив се направени безбедносни проверки за заштита, поддршка од Црвен крст, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина.
Овие лица ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до крајна нивна дестинација. Трошоците и за оваа група ќе бидат целосно покриени од меѓународните организации.
Тиркиз маунтин е организацијата основана во 2006 година од принцот Чарлс со хумана мисија која изминативе години имаше свои успешни активности во Авганистан. Како што информираат од Владата, оваа организација реставрираше повеќе од 150 историски објекти, третираше околу 165 илјади пациенти во клиниката во Кабул, отвори и поддржа повеќе од 50 мали бизниси во Авганистан, Мјанмар, и други активности.