Преспански договор
Оваа недела се очекува ратификација на Договорот од Преспа од страна на Грција со што ќе се стави крај на 27 годишниот спор за името со Македонија. Метју Нимиц, специјалниот пратеник на ОН во разговорите меѓу Скопје и Атина за прашањето за името, изјави дека со нетрпение го очекува завршувањето на процесот како што е наведено во Договорот.
27 април
Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, против обвинетите што останаа неамнестирани.
Судскиот процес се наоѓа во завршна фаза и на денешното рочиште се очекува обвинителката Вилма Рускоска да изврши промена на обвинителниот акт согласно Законот за амнестија и да се започне со изнесување завршни зборови.
Избори
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на заедничката прес-конференција со министерот за одбрана на Словенијја, Карл Ерјавец, денеска изјави дека оваа недела се очекуваат сериозни разговори и во рамки на владејачката коалиција и во СДСМ во врска со тоа дали заедно со претседателските ќе се одржат и вонредни парламентарни избори и во врска со претседателските кандидати.
Мерки
Поради енормното загадување Владата на Република Македонија ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила, како и да обезбеди ограничување на работите на градежните објекти.
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство беа должни да им препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Исто така, Министерството за здравство треба да обезбеда услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.
Од Јавото сообраќајно претпријатие – Скопје соопштија дека согласно мерките за намалување на загадувањето на воздухот, користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатно, а граѓаните ќе бидат навремено известени за прекин на важноста на одлуката за бесплатен превоз.
Деинституционализацијата продолжува
Министерката за труд и социјлна политика заедно со Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ, ги посетија децата коишто од неодамна се сместени во еден малите групни домови во Скопје. Според информациите од МТСП, повеќе нема деца во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје., ниту пак во домот „25 мај“. До крајот на минатата година, пак, од Специјалниот завод „Демир Капија“ беа извадени сите деца до 18 години и сместени во мали групни домови каде што добија 24 часовен надзор, и индивидуализирани програми и дефектолошки третмани.
Перспективи 2019
ЦИВИЛ Медиа продолжи со објавување на серија интервјуа и текстови со кои ја рекапитулира политичката и општествената реалност на годината што измина и се обидува, преку разговори со избрани експерти и јавни личности, да ги открие перспективите за 2019 година.
Пред јавноста сега е новиот серијал „Перспективи 2019“ во кој за сега може да ги погледнете ставовите на Розета Трајан, Мирјана Малеска, Мерсиха Смаиловиќ, Мирјана Најчевска, Хусеин Адеми, Марта Гусар, Фатон Алити, Сашко Попоски , Сашо Орданоски, Арианит Џафери , Акиф Кариман , Огнен Јанески и Кочо Андоновски.
Мега-интервју со премиерот Зоран Заев
Мега-интервјуто коешто вчера го објави ЦИВИЛ Медиа, со премиерот Зоран Заев, каде тој зборува за најактуелните прашања, настани и процеси во македонското општество и политиката, од денеска достапно и на албански јазик.
Б. Јордановска