• Latest

23 јули низ вековите

July 23, 2018
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

23 јули низ вековите

July 23, 2018 08:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1757.- Во Мадрид умрел Доменико Скарлати, италијански чембалист и композитор, оргулист и диригент. Напишал 555 сонати за чембало во рок-стил. Роден бил во Неапол, на 26 октомври 1685 година.

1759.- Русите во Седумгодишната војна, под команда на генералот Петар Салтиков, ја победиле пруската армија во битката кај Каја, на исток од тогашната Прусија. Во битката загинале најмалку 6.000 Пруси.

1875.- Умрел американскиот пронаоѓач Ајзак Мерит Сингер (Исак Мерит) кој во 1851 година развил прва шивачка машина која влегла во масовна употреба.

1914.- По убиството на надвојводата Фердинанд во Сараево, Австро-унгарската монархија и упатила ултиматум на Србија, обвинувајќи ја како главен организатор во сараевскиот атентат. Србија, по совет на царска Русија, го прифатила речиси во целост, со исклучок на барањето на истрагата за атентатот на територија на Србија да ја вршат австроунгарските чиновници. За Австро-унгарската монархија тоа бил доволен повод пет дена подоцна да и објави војна на Србија. Со тоа почнала Првата светска војна.

1916.- Умрел шкотскиот физичар Вилијам Ремзи, добитник на Нобеловата награда за хемија во 1904 година. Го испитувал молекуларниот состав на чистите течности и ги открил гасовите хелиум, агрон, криптон, неон и ксенон. Докажал дека хелиумот се создава при радиоактивно распаѓање на радиумот.

1942.- Во Софија, бугарските фашисти ги стрелале Никола Јонков Вапцаров, бугарски и македонски поет, есеист, новинар и револуционер. Еден е од основоположниците на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938-1941). Во 1940 година ја издал својата единствена стихозбирка „Моторни песни“. Роден бил во Банско, на 7 декември 1909 година. Истиот ден биле стрелани и Антон Попов, бугарски и македонски револуционер, писател и публицист, и Атанас Романов, македонски патриот.

1942.- Почнала Сталинградската битка меѓу германските фашисти и советската армија.

1948.- Умрел американскиот филмски режисер Дејвид Ворк Грифит, еден од најзначајните филмски творци во ерата на немиот филм. Филмови: „Нетрпеливост“, „Бегство“, „Големата љубов“, „Падот на Вавилон“, „Америка“, „Абрахам Линколн“.

1951.- Во затвор умрел францускиот маршал Анри Филип Петен, точно шест години откако бил изведен пред суд под обвинение дека во Втората светска војна извршил предавство на Франција. Славниот војник од Првата светска војна соработувал со Адолф Хитлер и бил на чело на квислиншката Влада во Виши поради што бил осуден на смрт, но поради претходните заслуги казната му била заменета со доживотен затвор.

1951.- Умрел Роберт Флаерти, американски филмски режисер, снимател, писател, еден од пионерите и најзначајните создавачи на документарниот филм. Најпознати му се филмовите „Нанук од север“, „Моана“, „Човекот од Аран“, „Земја“ и „Приказна од Луизијана“. Роден бил во 1884 година.

1962.- Првпат во историјата бил остварен директен телевизиски пренос преку Атлантикот. Преносот бил извршен со помош на телекомуникациониот сателит „Телстар“.

1992.- Во Скопје била формирана Комора на приватниот капитал на Македонија.

1993.- Во Охрид умрел Петар Калајџиски, еден од истакнатите претставници на македонското копаничарство, член на ДЛУМ. Роден бил во 1914 година.

1993.- Република Македонија станала 138 членка на Светската организација за интелектуална сопственост.

2001.- На македонско-албанската граница, кај месноста Рибница, било пукано врз патрола на АРМ, при што загинал Миле Гиновски (на 43 години) од Кичевско, припадник на АРМ.

2001.- При одбраната на село Лешок, Тетовско, од албанските терористи бил убиен Ѓоко Лазаревски (роден 1927 година), припадник на МВР на РМ.

2007.- Умре рускиот режисер Александар Татарски, автор на повеќе стотици анимирани филмови и творец на првото руско независно студио „Пилот“. Автор бил на проектот „Русија во анимација“. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    168 shares
    Share 67 Tweet 42
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ