• Latest

24 ЧАСА: Столтеберг пристигна во Скопје, ќе има средби со државниот врв; блокадата за во ЕУ има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ; Собранието го изгласа новиот Деловник, а Крмов ќе си ја плати штета

November 21, 2023
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Повредени девет лица во напад со нож во воз во Велика Британија, полицијата уапси двајца осомничени

November 2, 2025

ЦИВИЛ им се обрати на набљудувачите: Доследност, непристрасност, тимска работа и професионалност

November 2, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни, ЦИВИЛ на терен со 60 набљудувачи

November 2, 2025

Почна гласањето за вториот круг од локалните избори

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Столтеберг пристигна во Скопје, ќе има средби со државниот врв; блокадата за во ЕУ има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ; Собранието го изгласа новиот Деловник, а Крмов ќе си ја плати штета

November 21, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

По официјалниот пречек, Столтенберг на тет-а-тет средба со Ковачевски во Владата

Генералниот секретар на НАТО – Алијансата, Јенс Столтенберг пристигна во Скопје, а добредојде на Меѓународниот аеродром во Скопје во сојузничка Северна Македонија, му посака министерката за одбрана Славјанка Петровска.

По официјалниот пречек пред Владата, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, треба да има тет-а-тет средба со премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.

Во составот на македонската делегација се министерката за одбрана Славјанка Петровска, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и амбасадорот на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески.

Предвиденое е Ковачевски и Столтенберг по средбите да одржат заедничка прес-конференција.

Столтенберг е во дводневна посета на Скопје во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан.

Генералниот секретар на НАТО попладнево ќе има билатерална средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом, во рамки на 132. седница. Столтенберг ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски во неговиот кабинет.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

– Нашата блокада во моментот има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Скринингот ќе заврши во првата недела од декември, ние ги подготвуваме и ќе ги испратиме оние патокази што ни се обврска од крајот на скрингот во Првиот кластер и тука ќе застанеме доколку не се завршат уставните измени, а бидејќи во моментот тоа нема изгледи да се счлучи, треба да очекуваме застанување. Но, ние не се откажуваме од тоа до последниот ден на мандатот од овој собраниски состав, да разговараме и да ги убедуваме колегите од ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат сопствената држава, да не влезат во еден вртлог, во еден тунел во кој веќе еднаш не внесоа во 2008 година и да соберат сила заедно да го направиле овој потег и одговорноста ќе биде заедничка, но и поените за да докажат на дело дека навистина се за ЕУ ќе бидат заеднички, изјави Маричиќ, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Ѓорче Петров.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЛИТИКА Насилството и вандализмот не им успеа на Левица, Собранието го изгласа новиот Деловник. Со 83 гласа „за“ и двајца „против“ Собранието вчера го донесe новиот Деловник за работа на Парламентот, што ќе се применува од наредниот собраниски мандат. Новиот Деловник е резултат на неколкугодишни разговори меѓу пратениците од овој и минатиот парламентарен состав во рамки на „Жан Моне“ процесот. За новиот Деловник гласаа пратениците од владејачкото мнозинство предводено од СДСМ, пратениците на ДУИ, на ВМРО-ДПМНЕ, на АА и сите други, освен двајцата пратеници на Левица.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Секоја година, на 21 ноември, во Украина се одбележува Денот на Достоинството и Слободата, токму на овој ден со интервал од девет години започнаа два судбоносни настани за Украина: Портокаловата револуција од 2004 година и Револуцијата на Достоинството во 2013 година.

*

По повод десет-годишнината од почетокот на Евромаиданските протести, германскиот министер за одбрана – Борис Писториус, објавува Киев Пост.

*

Протестите на Мајдан избувнаа кон крајот на 2013 година кога претседателот Виктор Јанукович поддржан од Кремљ го отфрли трговскиот договор за асоцијација со Европската унија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот ги поврза историските продемократски протести во Кијив пред една деценија со инвазијата на Украина, опишувајќи ги демонстрациите на плоштадот Мајдан како „прва победа“ од војната со Русија.

АЛ-ПРЕС

Од Мисијата на ОБСЕ на Косово соопштија дека го добиле писмото од премиерот Албин Курти, преку кое тој ја изразува потребата од специјален договор за да им се овозможи на косовските Срби да го остварат своето право на глас на српските избори, кои се очекува да се одржат на 17 декември. Во Косово, за десет месеци се извршиле напади врз 120 полицајци, според статистичките податоци на косовската полиција.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ова летањево хартии, неколкуте микрофони и еден, два преносни компјутери и архиварското администрирање со чевларски манири е некаква хормонална последица, покажување машкост, перчење со пратенички имунитет, само примитивен популистички маркетинг или што и да е, неважно е, важното е што предизборната реа почнува да задушува па само како некаква инфантилна палавост ќе се регистрира вчерашното вандалско дивеење во собранието на пратениците на Левица Крмов и Апасиев, а наспроти неодамнешните јавни закани на уредникот на телевизиската „Заспиј …“ Момироски кој, следејќи го вокабуларот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски дека ќе „апсел, судел и пресудувал“, му излета фрустрирачката закана дека „и глави ќе се тркалаат“… пишува Зоран Иванов во колумната „Засега само хартии летаат ама и глави, нели, ќе се тркалаат“.

*

„Мицулињата знаат дека Левица е таа која им чепка во гласачкото тело од нивните телиња. Но, просто за неверување е како ги потценуваат нормалните гласачи и со очигледни марифети се обидуваат да ја залепат Левица за други партии, во обид да чепнат и кај неопределените.

А вмрото и левица ти е едно те исто – задртавен националистички ќорсокак и политичко слепо црево. Не може да ти се згади левица, ако не ти се повраќа од вмрото.

Опозициските пајташи – вмровските и левичарските десничари, си исценираат инциденти, а за тоа обвинуваат други. Веќе видено и којзнае колку пати повторено вмронско сценарио“, пишува Јане Ѓорѓиоски во колумната „Евтина провидна и договорена вмровска драма“.

*

Вчера бевме сведоци на дивеење во собраниската сала, од пратеник на Левица, политичка опција во Северна Македонија којашто работи за друга држава ( Русија), пратеник кој добива месечни примања од граѓаните на Република Северна Македонија, а веројатно добива и други примања од другата држава за која работи против своите сограѓани и против уставното уредување на државата од која се храни.

„Таквото однесување, можеме да се сложиме дека е само моментална демонстрација на циркус ( како што и самите од Левица велат – парафразирано „ќе се мајтапиме“, во неколку прилики), и обид за попречување на работата на Собранието“, пишува Дијана Тахири во колумната „Собрание ми е, двор ми е… и други полови органи на Левица“.

Д.М.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ