ВЕСТ НА ДЕНОТ
Владата донесе одлука за ограничување на бруто профитната маржа (БПМ) во трговија на големо и во трговија на мало и одлука за утврдување на највисоките цени за одделни производи во трговијата на големо и во трговијата на мало.
Како што информира заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, со цел да се заштити животниот стандард на наслението односно да се намалат трошоците за живот во потрошувачката кошница за храна и пијалоци и кај средстствата за лична хигиена, Владата донела одлука со која се ограничува маржата во трговија на големо и трговија на мало на 102 групи на производи или на над 1000 прехранбени и непрехранбени производи.
Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун денеска преку соопштение изразува сериозна загриженост за вчерашните одлуки на Владата и бараат итна средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши за да ги разгледаат последиците од овие одлуки и да ги земат предвид аргументираните предлози на компаниите од трговската дејност.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Етничко чистење во тајните служби на Северна Македонија, алармираат од ДУИ
„Со длабока загриженост и целосна одговорност за стабилноста на државата и регионалната безбедност, јавно го осудуваме невиденото етничко исклучување што се случува во безбедносните и разузнавачките структури во Северна Македонија. Ова масовно исклучување не е само чин на дискриминација против заедница што претставува столб на внатрешната и евроатлантската стабилност на државата. Напротив, ова е намерно, добро осмислено исклучување, чија цел не е само маргинализацијата, туку оживување на опасна менталност која со децении ја перцепираше албанската популација како „внатрешен непријател“, велат од партијата од Мала Речица.
РЕГИОН
Специјалното обвинителство на Косово побара од судот во Приштина да го повика Курти како сведок
Специјалното обвинителство на Косово побара од судот во Приштина да го повика премиерот Албин Курти како сведок во случајот со злоупотреба на државните резерви. Курти претходно бил повикан, но не се појавил, нудејќи да даде исказ од неговата канцеларија.Главниот обвинител Блерим Исуфај го демантираше неговото тврдење дека владини функционери дале исказ во Владата.
СВЕТ
Зеленски: Украина очекува единство од Западот, а Трамп шири руски дезинформации
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната прес-конференција изјави дека неговата земја се надева на „сојузничка позиција во Европа, ЕУ и САД“ во, како што ја нарече, „неправедната војна“ против Украина, јави Би-Би-Си.
Зеленски предупреди дека земјата е изложена на „големи дезинформации“ од Русија и ја поврза со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп. – Со сета почит кон претседателот Трамп… тој живее во тој дезинформациски простор, рече Зеленски.
ФОРУМ
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за преговорите помеѓу САД и Русија без учество на Украина и ЕУ?
СЛОБОДНА ЗОНА
„Замислете ја детската игра „ринге ринге раја“, во која повеќе деца фатени за раце се движат во круг пеејќи некоја детска бесмислена песна, и во одреден момент, во ритамот на текстот, сите чучнуваат. Е, ние сме тоа детето што стои осамено на страна и немо гледа со прстот во уста, бидејќи другите деца не го играат“, пишува Драган Мишев во анализата „НЕИЗВЕСНА ИДНИНА: До Минхен, и по него“.
*
Ако Трамп му ја овозможи победата на Путин, не само што Украина ќе страда неизмерно, туку и целиот светот ќе влезе во нова ера на мрак, свет во кој ќе владеат оние што стравот и лагите ги претвораат во оружје. Последиците од додворувањето кон тиранин ќе загрмат низ целиот свет, и ќе предизвикаат нови бранови на насилство, репресија и уништување. Цели нации ќе паѓаат, човековите права и слободи ќе бидат прегазени и идеалите за слобода и правда ќе станат минато. Неповратно.
Затоа, ова е мојот повик… Кажете НЕ за геноцидот. Кажете ДА за праведниот мир. Тоа е сè што светот треба да направи за да ја спаси својата душа – и својата човечност.
Застанувањето на страната на еден тиранин кој убива деца, силува жени и ги уништува цели градови не е „дипломатија“ – тоа е соучесништво во воени злосторства“, пишува Џабир Дерала во колумната „Додворувањето кон Путин не е лидерство – тоа е капитулација“!
*
Откако лажно ја обвини Украина за започнување на војната со Русија, ставајќи се директно на страната на воениот злосторник Путин, американскиот претседател ги повтори повеќето од барањата на Кремљ во преговорите, тврдејќи дека по разговорите со Русија во Саудиска Арабија, во кои Кијив не беше вклучен, тој сега е поуверен дека може да се постигне мировен договор со Украина“, пишува Драган Мишев во колумната „ОЧЕКУВАНО: Трамп ја обвини Украина дека ја започнала војната и застана на страната на Путин“.
Д. Муратов