По повод 24 годишнината од геноцидот во Сребренца денеска ќе се одржи Марш на слободата со почеток во 18 часот, а ќе започне во паркот во Чаир. Маршот ќе заврши на плоштад Макеоднија каде во 19 часот се очекува прикладна програма во сеќавање на жртвите. На денешното одбележување во Сребреница ќе присуствува и македонска делегација предводена од претседателот на Собранието, Талат Џафери заедно со пратениците Ферид Мухиќ и Зеќир Рамчиловиќ. На одбележувањето претседателот Џафери ќе има и пригодно обраќање.
Секоја година Меморијалниот центар Поточари се организира сеќавање на жртвите од геноцидот. Денеска на гробиштата во Поточари ќе бидат погребани посмртните останки на 33 нови идентификувани жртви, кои се пронајдени во масовни гробници во близина на Сребреница. Досега се погребани 6.610 жртви, а се трага по уште над 1.000 исчезнати лица во Сребреница.
Меѓународниот трибунал во Хаг, Судот на БиХ и судовите во Србија и Хрватска досега осудиле 47 луѓе, издадени се четири доживотни пресуди за геноцид, злосторства против човештвото и други злосторства во Сребреница.
Сепак, ОБСЕ во БиХ упати остра осуда кон политичарите во земјата кои во своите изјави го негирале геноциодот во Сребреница. Мисијата на ОБСЕ ќе биде денеска на одбележувањето, предводена од амбасдорот Брус Бертон, шефот на Мисијата на ОБСЕ во БиХ.
Мисијата на ОБСЕ во БиХ ги потсети тамошните лидери на Декларацијата за воени злосторства од 2018 година, потпишана на Самитот на земјите од Западен Балкан во Лондон, во рамки на Берлинскиот процес каде се обврзале на признавање и почитување на пресудите од меѓународните и домашните судови во врска со воени и други меѓународни злосторства, спречување говор на омраза и славење на воените злосторници.
Б. Ј.