Поништени три гласачки места во Кавадарци и Куманово
Државната изборна комисија поништи едно гласачко место во Кавадарци поради неправилности во гласањето. Станува збор за гласачкото место 0684/1 каде што гласале 368 гласачи, но при пребројувањето биле најдени 369 ливчиња. Лицето коешто гласало не било во Избирачкиот список. Комисијата, исто така, донесе одлука да се разреши избирачкиот одбор на тоа гласачко место.
Поради истата причина, поништено е уште едно гласачко место во Кавадарци каде што гласале 402 гласачи, а биле пронајдени 403 ливчиња.
Ваков случај имало и на едно гласачко место во Куманово, каде што гласале 280 луѓе, а во кутијата имало 281 ливче.
Заев: Политичарите нема да одлучуваат за судските предмети
Премиерот Зоран Заев одговарајќо на новинарско прашање пред почетокот на денешната тркалезна маца „Економските предизвици и ефекти од евроатланските интеграции“, изјави дека во законот за јавно обвинителсто што го предлагаат е замислено државниот јавен обвинител да формира тим од јавни обвинители од самото јавно обвинителство, државното јавно обвинителство со искуство поголемо од 15 години, кои ќе направат распределба на самите предмети и самиот јавен обвинител ќе утврдува дали има или нема докази, дали продолжува или не продолжува постапката.
„Ова е веќе разумно решение каде што политичарите не одлучуваат што со иднината на предметите, туку одлучуваат обвинители и судии. И тоа е правниот систем. И тоа е ново“, изјави Заев.
Сестрата и бабата на Кирацовски ќе дадат отказ
Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ и пратеник, соопшти дека неговата сестра и баба ќе се повлечат од работните места.
Кирацовски додаде дека неговото лично мислење за одлуките на Антикорупциската комисија ќе го задржи за себе.
Министерот Бектешки ќе плати казна до 500 евра, иако не влијаел при вработувањето на сестра му
Ќе платам сѐ што треба, станува збор за технички пропуст, но за мене е најважно дека Антикорупциската комисија ја потврди мојата изјава дека не сум влијаел при вработувањето на сестра ми, изјави за Плусинфо, министерот за економија Крешник Бектеши.
Антикорупциската комисија вчера одлучи да поднесе прекршочна пријава до министерот, бидејќи како што рече членот на Комисијата Владимир Георгиев, во апликацијата што ја приложила сестрата на Бектеши, Влора, стоела истата адреса на која живее министерот. Функционерите по службена должност треба да ја известат Антикорупциска за вработување на член од семејството во јавниот сектор.
„Ако сум направил технички пропуст откако е вработена сестра ми ќе ги почитувам законите и ќе платам. За мене е важно дека Антикорупциска утврди дека не сум влијаел при вработувањето на сестра ми“, изјави Бектеши.
Шекеринска: Не сакаме да се мешаме во работата на верските заедници
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска изјави дека Владата е многу внимателна во однос на актуелните случувања во ИВЗ и дека по никоја цена не се мешаат во односите внатре во верските заедници.
„Тоа не сме го направиле за ниту една друга, тоа не сме го направиле сега и за ИВЗ. Она што се случува внатре е прашање што треба да го средат верниците. Тоа е прашање во кое единствената одлука не е одлука на извршната власт туку на судската власт. Владата јасно кажа дека не сака вакви работи да се случуваат во било која верска заедница, а сите наводи што се спомнуваат во јавноста дека се работи и за фалсификат документи целосно ќе бидат истражени“, додаде Шекеринска.
Лоша распределба на избирачките места
Државната изборна комисија за секој изборен процес одредува упатство за начин на гласање на избирачки места со помалку од 10 гласачи. Според Изборниот законик, член 166 став 1, односно избирачкото место по правило не смее да биде оддалечено повеќе од 3 км од најоддалечената адреса во градските населби и повеќе од 5 км во селските населби.
Набљудувач на ЦИВИЛ за време на првиот круг на претседателските избори во Чучер –Сандево, забележал дека сите 818 гласачи од соседното село Мирковци, нешто помалку од 2 километри, гласаат во училиштето. Самите жители велат дека нема потреба да одат 25 минути.
Револтираните граѓани изјавиле дека жителите, особено постарите, што немаат превозно средство не им се нафаќа да пешачат за да гласаат.
Изборна хроника: Не(познати) феномени само за време на избори
Независната кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова нагласи дека е непознат феномен е за време на кампања за претседателски избори да учествуваат министерка за одбрана, министер за внатрешни работи, па и премиер, додавајќи дека „така тие ја прегазија линијата помеѓу државата и партијата или партијата ја направија држава, или на крајот тоа би значело држава тоа сум јас кога е премиерот во прашање“, вели Силјановска Давкова.
И за граѓан(к)ите е непознат феномен тоа што актуелниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов да е вклучен во кампањата на Силјановска за избор на претседател? А дека не е „непознат феномен“ премиер или министри да учествуваат во изборна кампања, доволно е независната кандидатка за претседател да побара на Гоогле и ќе види дека почесниот претседател на партијата која ја подржува, и бегалец Никола Груевски, додека беше премиер, редовно го подржуваше кандидатот за претседател. Или заборави дека цели министерства се претвараа во партиски шатабови, ВМРО-МВРО…
Ангела Петровска












