Ратификација
Со 153 гласа „за“ пратениците од Унгарија едногласно го ратификуваа протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО. На чинот на ратификувањето присуствуваше претседателот на Собранието, Талат Џафери, по покана на претседателот на националното собрание на Унгарија, Ласло Ковер.
Поддршка
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Сојузна Република Германија, се сретна со претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер. На средбата двајцата претседатели размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, состојбите во регионот, како и за аспирациите на нашата држава за членство во Европската Унија и во НАТО. Претседателот Штајнмајер ја потврди цврстата поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија и во НАТО.
Тутун акција
Финансиската полиција официално се изјасни дека акцијата во село Љуботен е спроведена под сомнение за криумчарење со акцизна стока и царинска измама. “Очекуваме и бараме соработка и разбирање од граѓаните во реоните каде што се спроведуваат активностите, сè во интерес на расчистување на случајот”, се вели во официјалното соопштение. Од таму не дават повеќе детали, но неофицијално се дознава дела финансиска полиција придружена од МВР бараат илегално увезен тутун од странски држави.
Ненајвената акција на Финanсиска полиција ги изненади жителите, но дополнително и беа револтирани од начинот како ја спроведуваат акцијата.
Демант
Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија објави статијата насловена „Царовска побогата за 1.3 милиони евра, Шеќеринска купила мотор Оутландер“. Во статијата се наведува дека министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, го зголемила својот имот за шест пати во рок од само една година.
Министерството за труд и социјална политика побара извинување од СКУП Македонија, поради, како што објаснија, навремено и целосно го информирале Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија за имотот на министерката, а информациите кои се изнесени од страна на овој медиум се тенденциозни и целосно невистинити. МТСП појасни дека воопшто не станува збор за ново стекнат имот, туку надополнување на анкетниот лист со имот на родител, со кој министерката не живее во исто домаќинство. Надополнувањето е направено за поголема транспарентност, иако по Закон не треба да се пријави.
ЦИВИЛ во акција
Најчевска, Максути, Бачовска, Тахири, Муратов, Здравевска, Дерала и други ќе бидат дел од вечерашниот мултимедијален настан и панел дискусија на на ЦИВИЛ на тема „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!“ во Мобилната галерија на ЦСУ, Градски Парк, со почеток во 20 часот. (Не)транспарентноста и (не)одговорноста во политичките процеси, владеењето на правото, човековите права, медиумите и граѓанското учество се само дел од темите за кои ќе се разговара во Градски парк вечерва.
Проекции на видео прилози и презентации за проектот Граѓански објектив, како и за (не)транспарентноста и (не)одговорноста во политичките процеси, владеењето на правото, човековите права, медиумите и граѓанското учество, ќе се одржат од 20 до 21 часот, по што ќе се одржи и панел дискусијата.
Б. Јордановска