Националениот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски доаѓа на местото на Рубин Земон, откако тој пред некој ден станал пратеник во македонското Собрание, на местото на Томислав Тунтев од СДСМ.
„Го заменив Рубин Земон во координацијата на Стратегијата за Едно општество и интеркултурализам. Во фаза на вклучување на здруженијата и еснафот по кластери. Имаме квалитетни дискусии, забелешки и иницијативи. Ова е прва сеопфатна владина политика на ова поле“, напишал Алаѓозовски на својот Фејсбук профил.
Д. М.