Али Ахмети имаше проштална средба со американскиот амбасадор Џес Бејли. Џевдет Хајредини не дозволи ова да биде само уште еден пропаганден потег на Ахмети. Кратко, јасно и жестоко, тој го демаскира овој политички мастодонт во пар нови, маестрални потези:
Али Ахмети му се заблагодари на амбасадорот Џес Бејли за неговата улога во надминувањето на кризата. Улогата на амбасадорот навистина беше огромна, но, исто така, сите знаеме, а подобро од нас знае и самиот амбасадор Бејли, колку голема беше улогата на Али Ахмети и Груевски во создавањето на кризата.
За ДУИ сега нема ништо поважно отколку да се спасат од обвиненијата, предистрагите и истрагите на СЈО, од евентуалното објавување на нови „бомби“ за нивните челници, да остане на сила истиот изборен законик и да не се спроведат реформи во државната администрација и судството.
Кога Зоран Заев би бил во можност ова да го исполни, не Денко Малески, туку за консензуален претседател би го прифатиле и Амди Бајрам, ако им го предложи.
Џевдет Хајредини, реномиран експерт за финансии и извонреден политички аналитичар, секојдневно објавува кратки пораки и поенти за политичкото секојдневие на Македонија. Неговите пораките секогаш се добра гимнастика за подобрување на морално-политичката кондиција на општеството.