Неговото „височество“ „Експрес.мк“ денеска објави феноменална „истражувачка“ сторија за тоа дека премиерот Зоран Заев на учениците им го честитал првиот училишен ден, ни помалку ни повеќе со украдена фотографија.
„За оваа фотографија на интернет пишува дека има авторски права а користена е пред еден месец од страна на градските власти на бразилскиот град Сокоро при почеток на учебната година. За неа нема ознака дека “Royalty free” односно дека може да се користи слободно од корисниците на интернет. Дали владата платила авторски права за користење на фотографијата или пак таа е едноставно украдена и прикажана како нивна не пишува во постот на премиерот“, пишува Експрес.мк.

Она што „истражувачките новинари“ намерно или случајно заборавиле да го проверат е од каде изворно потекнува оваа фотографија, односно кој е дизајнерот на истата.
Според податоците за кои ни беше потребно едно најобично пребарување на Гугл, фотографијата е дизајнирана од freepik.com, ресурсна веб-страница чии содржини се слободни за преземање.

Нема на што, повелете и друг пат!
М. Ивановска












