• Latest

Новата мерка за субвенционирање на придонесите на платите ќе го задржи стручниот кадар

September 4, 2019

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Новата мерка за субвенционирање на придонесите на платите ќе го задржи стручниот кадар

September 4, 2019 13:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новата мерка за субвенционирање на придонесите за платите ќе го задржи стручниот кадар, ќе ја поттикне и продуктивноста на компаниите за нов економски раст што ќе ја придвижи спиралата за дополнителен раст на платите, а со тоа и на развојот, оцени денеска Владата, прецизирајќи ги во соопштение новините со мерката по усвоениот  ребаланс на Буџетот, што вчера го презентираа премиерот Зоран Заев и министерката за финансиии Нина Ангеловска.

Со мерката за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 100 евра во денарска противвредност се предвидени 400 милиони денари. Со неа, истакнува Владата, се сузбива сивата економија и давањето плати во кеш.

– Мерката е од исклучително значење, бидејќи со неа ќе се поддржат компаниите кои се соочуваат со потешкотии за наоѓање и задржување на стручен кадар. На тој начин, ќе се поттикне и продуктивноста на компаниите што е основа за економски раст. Од друга страна ќе се поттикне спиралата на плати, што ќе се рефлектира на забрзан раст на платите. Мерката прво важи еднакво за сите компании и вработени во приватниот сектор. Тоа се околу 610 илјади наши сограѓани. Оваа мерка на ја опфаќа јавната администрација бидејќи во оваа дејност нема исплата на плати во кеш, а со покачувањето на платите во овој сектор, нормално си оди и плаќањето на придонесите зголемени соодветно на секое покачување, стои во соопштението.

Благодарение на добрите перформанси на Буџетот, на неговата ликвидност и финансиска стабилност, како што потенцира Владата  утврдено е дека може да се алоцираат предвидените 400 милиони денари за субвенционирање на придонесите за да се овозможи пораст на платите.

– Со оваа мерка, наместо да даваат пари во кеш како дополнување на платата на работниците, за да ги мотивираат, да ги задржат, работодавачите не ја даваат целата бруто плата, зашто вкупно придонесите на бруто плата изнесуваат 47 отсто заедно со персоналниот данок. Целта е навистина да се демотивира исплатата на дел од платата во кеш, велат од Владата.

Со новата мерка што ја предлага Владата, работодавачите ќе платат само 11 проценти персонален данок, а другиот дел, пензиско, здравствено и социјално осигурување, ќе го покрие државата. – Така, вработените ќе добијат повисоки нето плати и ќе бидат мотивирани да останат на работа. Тоа е мерка која ќе придонесе кон мотивацијата и младите луѓе, и сите други, да останат во државата зашто платите ќе растат, истакнуваат од Владата и дополнуваат дека во креирањето на мерката се водела грижа за влијанијата на мерката на Буџетот и заради тоа е воведен лимит на висината на придонесите што ќе бидат субвенционирани и тие се соодветни на зголемувањето на платата до 100 евра во денарска противвредност.

Според Владата, дополнителен ефект од оваа мерка е што, во суштина, со субвенционирање на придонесите за здравствено и пензиско, ќе се помагаат двата фонда, и здравствениот и пензискиот, наспроти на фактот што заради исплатата во кеш, овие фондови не ги добиваа тие средства.

– Оваа мерка го обезбедува приливот на средства во овие два фонда, ги стабилизира, но и отвора можност за дополнителен раст на платите, на пример – во здравството. Овој ребаланс на Буџетот ја има токму таа цел да го забрза растот и да вбризга повеќе пари кај граѓаните и компаниите за раст на платите, се вели во соопштението.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ