Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски, пред седницата на која ќе се разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, изјави дека не добиле декласификација на материјалот иако тоа го побарале, но одлуката на советот повторно била материјалот да остане класифициран.
„Како комисија сме доведени до една формална правна ситуација, во која за да го разгледаме материјалот ќе мора да ја затвориме седницата, во спротивно ако не ја затвориме седницата, нема да можеме да го разгледаме материјалот поради тоа што тој има статус на доверлив материјал, односно класифициран според Законот за класифицирани информации, од таа причина јас ќе предложам затворање на седницата и ние како пратеници ќе гласаме да се затвори, иако мислиме и трврдиме дека јавноста заслужува повеќе информации за скандалот со СЈО“, изјави Димовски.
Димовски додаде дека се сигурни дека јавност ќе дознава детали за тоа што работела Јанева и СЈО во минатото, поврзани со овој предмет.
„Собранието има обврска оваа постапка да ја заврши, гласањето за затварање треба да го поддржат 9 пратеници минимум кои имаат право да гласаат на седницата на комисијата од вкупно 13, одлуката да констатираме предлог до пленумот за разрешуваме на Јанева за незаконско работење се гласа со просто мнозинство во комисијата за прашања за изборите и именувањата“, додаде Димовски.
На новинарско прашање за тоа колку од членовите на комисијата имаат безбедносни сертификати за да го разгледуваат материјалот од извештајот, Димовски изјави дека 10 члена од вкупно 13 поседуваат безбедносен сертификат, но дека комисијата има и 13 заменици членови, кои можат да ги заменуваат членовите кои немаат и дека од замениците членови исто 10 од нив го поседуваат сертификатот.
„Ако се донесе одлуката за затворање на комисијата во тој случај досега и пракса во Собрание ќе може да останат само членовите кои имаат без сертификат, имаме ограничен број на примерок од извештајот, ќе го добијат на увид и временски простор да го разгледаат“, додаде Димовски.
Ангела Петровска












