• Latest

Шекеринска: Амбициозни сме да станеме членка на најголемиот воено-политички сојуз

September 5, 2019
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Амбициозни сме да станеме членка на најголемиот воено-политички сојуз

September 5, 2019 13:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изјавата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски по вчерашниот Совет за безбедност дека во наредните 50 дена ќе имаме турболентен период покажува колку државата е амбициозна во делот на членството на НАТО и добивањето на датумот за преговори со Европската Унија, оцени при денешната посета на штипската касрана „Јане Сандански“, министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Амбициозни сме за неколку месеци да станеме членка во најголемиот воено – политички сојуз. Триесет години се трудиме тоа да го направиме, сега на дофат ни е тој успех. Меѓутоа, јасно е дека има структури во и надвор од државата, коишто се противат на оваа стратешка цел, исто како што има и за жал и  одредени структури и во државата, кои најверојатно не се многу среќни, ако ги почнеме преговорите во октомври и заради тоа предвидувањата се дека ќе има турболентни настани, бидејќи такви се случуваа во сите земји, коишто беа на прагот од НАТО членство и на почетокот на преговори со Европската Унија, вели Шекеринска.

Министерката за одбрана потенцираше дека вчерашниот состанок на Советот за безбедност покажа дека нашата држава има капацитет да се справи со предизвиците, но како што вели, државниот врв  има  знаење, желба и силен фокус да успее во стратешките цели во овој момент за да не се испушти шансата која е дадена.

Прашана дали е безбедна јужната граница, имајќи во предвид дека се зголемува бројот на мигранти во Грција, министерката Шекеринска истакна дека ситуацијата е стабилна, но со многу големо винамние ги следат настаните на Блискиот исток, Турција и во Грција и преговорите со ЕУ по ова прашање.

– Притисокот на нашите граници може многу често да предизвика и различни проблеми и треба да бидеме подготвени. Армијата е на границата за да покажеме дека државата е подготвен, рече Шекеринска.

Што се однесува за повратниците од боиштата во Сирија, Шекеринска вели дека и на оваа тема дискутирале на Советот за безбедност, а оценките се дека нивниот број не е голем.

-Меѓутоа овие боишта не се така далеку од државата и она што го видовме низ Европа и во целиот свет е дека многу лесно тие луѓе наоѓаат пат до земјите каде што сакаат да направат проблем. Затоа вчера повикавме на многу голема и подобра координација помеѓу сите разузнавачки и безбедносни структури во државата и тоа е еден од клучевите на успехот, кога ќе лоцираме луѓе, кога тие ќе се враќаат назад во државата. Имаме подготвени програми за намалување на радикализмот, за некаква ресоцијализација, меѓутоа сето тоа се прашања со кои се мачат и многу поискусни држави, вели Шекеринска.

Таа истакна дека добрата соработка меѓу нашите безбедносни и разузнавачки стурктури со сојузнички е добра формула за да се гарантира безбедност на граѓаните.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ