Поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, умре на 96 годишна возраст, соопшти денеска неговото семејство. Контроверзниот Мугабе кој владееше во Зимбабве 37 години беше национален херој од борбата за ослободување на земјата од колонијалното владеење.
Познат е по неговите жестоки навреди кон Западот, неговите противници и новинарите. Тој поднесе оставка од функцијата откако војската излезе на улиците по протестите на граѓаните во ноември 2017 година.
Инаку, поранешниот премиер Никола Груевски имал средба со претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе во 2010 година. Средбата се случи на маргините на Самитот на ЕУ и Африка, во главниот град на Либија, Триполи, објави тогаш зимбабвејскиот весник „Хроникл“. Според весникот, Груевски рекол дека со Мугабе разговарал за проширување на соработката меѓу Македонија и Зимбабве. „Разговаравме за соработката во рамките на Африканската унија и соработката со европските држави, а, се разбира, и за можностите да ги искористиме потенцијалите на Зимбабве“, изјавил премиерот Груевски.












