Неодамнешно истражување покажа дека Германците ја гледаат канцеларката Меркел како фактор на стабилноста во светската криза. И покрај нејзината популарност, мнозинството се незадоволни од нејзината влада, но не доволно за да ги поддржат предвремените избори.
Според неодамнешната анкета на радиодифузерот АРД, објавена вчера, повеќето Германци рекоа дека ја поддржуваат канцеларката Ангела Меркел и дека сакаат да ја видат како го завршува нејзиниот мандат сè додека не се одржат следните парламентарни избори во 2021 година, според неодамнешната анкета на радиодифузерот АРД објавена во четвртокот.
Резултатите од истражувањето доаѓаат откако Христијанско демократската унија на Меркел и нејзините владејачки партнери на Социјалдемократската партија увиделе дека нивните гласови на национално и регионално ниво се намалуваат, но и дека помалите партии како екстремно десничарската Алтернатива за Германија и Зелените се во постојан раст.
Но, и покрај променливата клима за политичките партии, Меркел сепак ја ужива поддршката од мнозинството од 56%, со што таа е најпопуларната политичарка во земјата. На второ место е министерот за надворешни работи Хеико Мас со поддршка од 43% од гласачите.
58% од Германците сметаат дека поради Меркел работите во нивната земја се одвиваат добро и покрај различните кризи со кои се соочува светот денес.












