• Latest

Филипче: За првпат воведена иновативна терапија против рак на дојка

October 6, 2019
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: За првпат воведена иновативна терапија против рак на дојка

October 6, 2019 12:33
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Да се подигне свеста кај жените за навремен преглед со цел да се спасат повеќе животи, да се нагласи важноста на превенцијата и да се зголеми информираноста кај населението за ракот на дојка, се главните пораки испратени од 11-та розова прошетка „Напред розово 2019 – чекори против ракот на дојка“, во организација на Здружението „БОРКА – за секој нов ден“ и Амбасадата на САД во земјава.

Министерот за здавство Венко Филипче, даде поддршка на оваа кампања и рече дека Министерството за здравство за првпат оваа година спровело набавка на скапи цитостатици и благодарение на тоа, како што рече, на сите жени на кои им е потребна терапија после операција или без операција на карцином на дојка, сега се покриени со цела терапија што им е потребна.

„За првпат е воведена и иновативна терапија за т.н. ХЕР2 карцином на дојка и таа терапија како второлиниска ја примаат 15 пациенти. Тука се и сите тестови за пристапот да биде индивидуализиран, се внимава на најсовремените терапевтски пристапи како што е тоа во најразвиените земји во светот“, рече Филипче.

Истакна дека се работи на квалитетот и на постојните мамографи и веќе од средината на минатиот месец сите се целосно сервисирани и во функција и тоа ќе го намали времето на чекање за потребниот преглед. Најави дека во тек е набавката на осум нови мамографи, и ќе бидат соодветно распределени за жените да имаат пристап до мамографијата.

„Паралелно на сето тоа го започнавме и розовиот караван заедно со здружението „Борка“ за подигање на свеста и важноста за изведување на овие прегледи. Рана детекција може да значи целосно излекување и спасување животи“, рече Филипче.

Апелираше на жените да се одзиваат на поканите што ги добиваат и да ги прават редовните мамографски прегледи.

„Оваа година пациентите оперирани од рак на дојка ги добија градниците како ортопедско помагало, следната година планираме во план да влезе и нараквицата која значајно го зголемува квалитетот на живот и го олеснува функционирањето, и сакам да го најавам целосното ослободување од партиципација за сите пациенти оперирани од малигни болести за дијагностика, не само за лекување, за она што следи за контролни прегледи после третманот“, рече Филипче.

Претседателката на здружението „Борка“ Биба Додева вели дека 11-та година по ред ја организираат прошетката „Напред розово“, со цел да ја подигнат свесноста кај жените за навремен преглед, за да се спасат повеќе животи, да се открие ракот во ран стадиум.

„Благодарение на Министерството за здравство годинава имаме доста промени, среќни сме што имаат отворен пристап, и ние од оваа страна пациентите се чувствуваме дека конечно дека некој ги слуша нашите потреби и работите почнаа да се менуваат. Има уште многу работи да се сменат, свесни сме сите за тоа“, вели Додева.

Додаде дека „Напред розово“ е почетокот на кампањата со која се одбележува светскиот месец на борба против ракот на дојка, со што и земјава станува дел од светското семејство за борба против оваа болест.

Вели дека зголемувањето на инциденцата е тренд на секаде во светот, но она каде што има напредок е да ја менуваме статистиката на морталитет, со цел поуспешно преживување во борбата со ракот на дојка.

Во врска со долгото време на чекање за преглед за мамографија, вели дека уште од минатата година проблемот е детектиран.

„Министерството за здравство веднаш реагираше, и од оваа година веќе се набавени нови мамографи, а кога ќе се стави функција и скрининг програмата, тој проблем ќе се надмине“, рече таа и додаде дека сега се чека од месец до два, на некои места две недели, додека оние кои се веќе оперирани имаат приоритет за мамографски преглед, и тука нема поплаки од пациентите.

Првата дама Елизабета Ѓоргиевска рече дека превенцијата е од исклучително значење за оваа болест, како што е начинот на исхрана, употребата на алкохол и тутун.

Истакна дека важни за подобрување на успехот во лекување на болеста се раната дијагностика, самопрегледот на жените, раниот ехо и мамографски преглед, како и новите методи на минимално инванзивна терапија.

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Бернс рече дека целта на оваа кампања е да се подигне свеста за оваа болест како и информираноста дека раните прегледи се од исклучителна важност во борбата против ракот на дојка.

„Горда сум што американската Амбасада 11-та година по ред е во партнерство со „Борка“ во оваа кампања. Ова е исклучителна можност за да ги зголемиме средствата, да ја зголемиме свесноста, да ги охрабриме луѓето за ран скрининг и рана дијагностика за да се свесни за оваа болест, како и да ја зголемиме надежта“, рече американската амбасадорка во Скопје.


извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ