• Latest

Се чека одговор од пратениците за автентичното толкување

December 2, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се чека одговор од пратениците за автентичното толкување

Целта на автентичното толкување, според подносителите, е да се спречат обидите за избегнување на правдата и обезбедување неказнивост за сериозни кривични дела, односно активирање на незаконските помилувања дадени од поранешниот преседател Ѓорге Иванов, а во контекст на можната  одлука на Уставниот суд за укинување на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година.

December 2, 2019 09:34
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери и координаторите на пратеничките групи денеска на редовната понеделничка средба треба да се договорат дали и кога Законодавно-правната комисија ќе заседава и ќе го разгледа барањето на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување.

Целта на автентичното толкување, според подносителите, е да се спречат обидите за избегнување на правдата и обезбедување неказнивост за сериозни кривични дела, односно активирање на незаконските помилувања дадени од поранешниот преседател Ѓорге Иванов, а во контекст на можната  одлука на Уставниот суд за укинување на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година.

Од Кабинетот на Џафери информираат дека барањето за автентично толкување што пристигнало во петокот веднаш е проследено до пратениците.

Уставниот суд во средата одлучи да поведе постапка за оценување на членот 11 – а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 – та година. Членот 11 – а овозможува претседателот на државата да повлече веќе донесена одлука за помилување. Тоа, според правните експерти, може директно да влијае врз актуелните обвиненија и истраги, и предметите што ги почна СЈО врз основа на прислушуваните разговори. Дополнувањето на членот 11, со став 11 а, го направи претходниот собраниски состав кога мнозинството во Парламентот го имаше коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот Ѓорге Иванов донесе одлука за аболиција на педесеттина лица во 2016 година, но по протестите и реакциите од меѓународната заедница ја повлече одлуката.

Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска побара автентично толкување од Собранието, а пратеничката група на СДСМ во петокот го достави до претседателот на Парламентот Талат Џафери.

Според собраниската процедура, барањето за автентично толкување најпрвин треба да помине низ ситото на Законодавно-првната комисија.

Во Законодавно-правната комисија мнозинство немаат ниту владејачките партии, ниту опозицијата, но тоа не значи дека автентичното толкување на СДСМ нема да добие поддршка. Освен од СДСМ, пратениците од најголемите партии ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се уште директно не кажале во јавноста како ќе гласаат. Помалите парламентарни партии како ЛДП, Алијанса за Албанците и Движењето Беса посочуваат дека не поддржуваат амнестија.

Министерката Дескоска во петокот го повика Собранието да даде автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување. Зад овој повик застанаа пратениците на СДСМ и поднесоа барање за автентично толкување. Собранието, како што очекуваат од владејачката партија, треба да ги искористи своите механизми и со автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување да  потврди дека членот 11 на кој поранешниот претседател Ѓорге Иванов ги засноваше своите масовни помилувања, не постоел, односно дека одлуката на Уставниот суд од март 2016 година за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, не го оживеал стариот член 11 од законот.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вчера имаше видео – обраќање во кое наведе дека изминативе две и пол години се покажа дека судството останало последната тврдина на „заробената држава“, под контрола на одреден број судии и обвинители на моќни позиции. Според него, овие последни упоришта на „заробената правда“ продолжиле да ги контролираат судските процеси во кои беа осомничени токму протагонистите на режимот.

Од СДСМ побараа од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да ги повика пратениците од неговата партија да го поддржат автентичното толкување. Според власта, опозициската партија стои зад иницијативта прес уставен суд.

Од ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став како ќе гласаат нивните пратеници, а се уште е непознато исто така како ќе се изјаснат и поранешните нивни пратеници кои ја формираа Независната пратеничка група. Официјален став викендов немаше ниту од ДУИ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција вчера рече дека нема граѓанин кој не е согласен со фактот дека криминалците остануваат неказнети и дека правниот систем е целосно девастиран и оти токму во овие моменти, власта на маса ја става темата со Уставниот суд, која исклучиво му одговара на Заев и СДСМ и тоа за да се вратат старите теми и да не се одговара за актуелните скандали. Тврди дека не поддржува аболиција и оти темата со Уставниот суд покажала дека мора да има механизми за заштита од злоупотреба на амнестијата како алатка. Бара да се направат законски измени со кои ќе се забрани секое лице кое ќе добие амнестија, да се занимава со политика или да врши јавна дејност во државата и да се отвори дебата, да се консултира правната фела и да се донесат решенија во насока на забрана на аболиција на лица кои се занимавале со политика.

За лидерот на ЛДП Горан Милевски неделава што следи маските ќе паднат кај сите бидејќи конечно ќе видиме кој е оној во оваа држава што се бори за правдата и кои се оние мрачни сили кои сакаат да ја држат Македонија и да има привилегирани луѓе за кои законот нема да важи односно ќе ги штити криминалците.

Доколку не помине автентичното толкување за Законот за помилување предложен од владејачката СДСМ а кое е поврзано со враќање во игра на амнестиите за функционери на поранешната Влада од страна на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Милевски вели дека за него ќе се доведе во прашање и владината коалиција.

-Јас ја доведувам во прашање и владината коалиција како таква ако не помине ова во Собранието, а исто така ова е една голема можност за ВМРО-ДПМНЕ да каже дали ќе продолжи по патот на заштита на криминалците или навистина ќе се огради од нив и навистина ќе го поддржи предлогот на министерката Дескоска за автентично толкување на овој закон, рече Милевски.

Собранието, како што истакна тој, мора да донесе одлука за автентично толкување на законот.

ДУИ официјално не се изјаснува со свој став, но дел од медиумите повикувајќи се на партиски извори објавија дека тие пред да изградат свое мислење ќе консултираат правни експерти.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ