• Latest

Пендаровски: Секој обид за дискриминација на лицата со попреченост е нарушување на вроденото достоинство

December 2, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Секој обид за дискриминација на лицата со попреченост е нарушување на вроденото достоинство

December 2, 2019 13:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Секој обид за дискриминација на лицата со попреченост е нарушување на вроденото достоинство на човековата личност. Ако сакаме да ја изградиме нашата земја како напредна европска држава сите ние треба да работиме заеднички. Кога секој од нас би го дал најдоброто од себеси, своите таленти и идеи, дарба, вештини, тогаш ќе живееме во похумано општество. Тогаш една по една ќе ги надминуваме сите пречки што постојат во нашето општество со цел ваша целосна вклученост во него, рече претседателот на државата Стево Пендаровски кој денеска го посети државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ –Скопје (ДУРДМОВ) по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

– Денеска сме тука да го одбележиме Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Меѓутоа, јас мислам дека денес прво треба да си го поставиме прашањето дали попреченоста е причина за правење разлики меѓу нас луѓето. Лично сметам дека попреченоста не е основа за разлики, туку е основа за сличност, бидејќи сите ние сме слични меѓусебе поради една едноставна причина – никој од нас не е совршен, рече Пендаровски.

Затоа, додаде тој, наместо за пречки кај луѓето, предлагам да зборуваме за пречките што постојат во општеството, пречки со кои за жал многу наши сограѓани се соочуваат секојдневно, напоменувајќи ги пристапот за инвалидски колички, патеките за лица со оштетен вид, литературата со Брајово писмо, преводите за глувонеми.

– Пораката што сакаме денес да ја пратиме е дека сите вие треба да имате можност активно да се вклучите во носењето одлуки и креирањето политики особено оние кои се однесуваат на вас. Само така ќе успееме доследно да ги постигнеме целите за одржлив развој 2030 година. Дел од тие цели е и целосна инклузија на лицата со попреченост како неотуѓив дел од нашето општество. Не е во ред да носиме одлуки за вас без вашето учество и без ваша согласност, рече Пендаровски.

Директорот на ДУРДМОВ Горанчо Јакимов рече дека идејата за овој настан произлегла од нивната интенција за следење на современите инклузивни текови како во современите општества така и кај нас како и од важноста на концептот за социјална инклузија и еднакви можности за сите.

– Длабоко свесни дека инклузијата пред се значи учество.Нашите деца навистина го залужуваат вниманието и поддршката од највисоките инстанци на нашата држава, додаде Јакимов.

Настанот во ДУРДМОВ „Преку игра до пријателство“ се организира за првпат и е со поддршка на претседателот на Северна Македонија. Вкупно 16 деца со оштетен вид со децата од редовните училишта од општина Кисела Вода и приватното училиште НОВА се натпреваруваа во шах меѓу кои и претседателот Пендаровски.

Секоја година на 3 декември се одбележува Меѓународниот ден на лица со попречености. Според Светска банка една милијарда луѓе или 15 отсто од светската популација се соочуваат со одреден степен на попреченост. Мотото на годинашното одбележување на овој ден е „Промоција на учество на лицата со попречености и нивно лидерство“.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ