• Latest

Онлајн дебата: Дигиталната писменост, неопходни вештини за онлајн настава

April 24, 2020

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Онлајн дебата: Дигиталната писменост, неопходни вештини за онлајн настава

April 24, 2020 18:19
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Дигиталните вештини се нужност и се исто толку важни како што е важно читањето, пишувањето, зборување и разбирањето. Ова е еден од заклучоците на онлајн дебатата „Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн настава“ што ја организираа Институтот за комуникациски студии и Делегацијата на Европската комисија во земјава како завршен настан од средношколскиот конкурс „Биди медиумски активен/-на“, со кој се одбележи Европската недела на медиумска писменост 2020.

Амбасадорот Самуел Жбогар посочи дека Европската комисија, свесна за неизбежноста и можностите на дигиталните технологии, го развива Единствениот дигитален пазар каде луѓето и бизнисите од сите земји-членки подеднакво и во фер услови можат да се натпреваруваат.
Со цел да се искористи сосема потенцијалот на заедничкиот дигитален пазар, граѓаните на ЕУ, исто така, ќе треба да ги развијат дигиталните вештини.
Средношколците посочија дека новата ситуација поради пандемијата, ги стави на тест дигиталните вештини и кај учениците и кај професорите.
Кризата и онлајн наставата ги покажаа слабостите за техничка опременост на училиштата, но и потребата за дообуки на наставниците. Учениците апелираат наставниците да го сменат актуелниот начин на предавање и оценување, бидејќи сѐ уште се присутни методите од класичната настава: пишување домашни работи, фотографирање и оценување. На ваков начин, учениците се демотивирани и лесно го „заобиколуваат“ системот.
Министерот за образование и наука, Арбер Адеми кажа дека е свесен за недостатоците и дека еден од приоритетите е адаптација на образовниот процес за вакви услови. Посочи дека онлајн наставата е единствено решение кон кое се прилагодиле и покрај затекнатоста од новата ситуација. Тој укажа дека во иднина треба да се работи на надградба на образовните процеси за вакви ситуации.
Освен потребата за нови дигитални вештини, учениците, професорите и новинарите кои работеа новинарски приказни во рамки на конкурсот „Биди медиумски активен/на“, посочија дека стекнале новинарски вештини кои се дел од медиумската писменост.

На конкурсот пристигнаа 61 апликација од вкупно 27 средни училишта и 36 медиуми. Од нив, беа избрани шест тимови од средношколци и новинари: ПСУ САБА од Скопје соработуваше со Радио Слободна Европа, СОМУ „Гостивар“ со ТВ Алфа, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп со ТВ 24 Вести, СОУ „Богданци“ со ТВ Вис, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола со ТВ Тера и СОУ „Исмет Јашари“ – Липково со дневниот весник Коха.

Сите информации за средношколскиот конкурс „Биди медиумски активен/на“ се достапни на www.medium.edu.mk

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ