• Latest

Бајден: 100 дена носење маски и ќе видиме значително намалување на заразени од корона вирусот

December 4, 2020

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден: 100 дена носење маски и ќе видиме значително намалување на заразени од корона вирусот

December 4, 2020 18:52
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Џон Ф. Кенеди ги повика Американците да не прашуваат што може нивната земја да стори за нив, туку што тие можат да сторат за својата земја. Кога ќе ја даде истата заклетва за новиот мандат следниот месец, Џо Бајден ќе ја замоли нацијата да го стори истото, можеби во попрозаична смисла, со апел секој Американец да носи маска во текот на неговите први, симболични 100 дена на функција.

Избраниот претседател го изнесе поттикнувачкиот, алтруистички, прв национален повик за поддршка на неговата администрација во ексклузивното интервју за Си-Ен-Ен во четвртокот со избраниот потпретседател на САД Камала Харис, покажувајќи остра промена на насоката кога ќе го наследи претседателот Доналд Трамп.

„Само 100 дена да се носат маски, не засекогаш. Сто дена. И сметам дека ќе видиме значајно намалување“, истакна Бајден за Џејк Тапер од Си-Ен-Ен, имплицитно признавајќи дека коронавирусот би можел уште поинтензивно да се шири кога тој ќе ја преземе функцијата, отколку што е сегашниот алармантен пораст.

Откако претседателот Френклин Рузвелт ја презеде функција во мрачните денови на Големата депресија во 1933 година, првите 100 дена го означуваат врвот на моќта на новиот лидер на САД и често најплодниот период за политички победи.

Во текот на интервјуто во четвртокот, Бајден се осврна на неверојатните предизвици со кои Рузвелт се соочил кога првпат бил избран, забележувајќи дека сегашните околности „не се различни од тоа што се случи во 1932 година“.

„Имаше фундаментална разлика, што се одвиваше не само тука во САД, туку и низ целиот свет“, истакна Бајден за Тапер. „Ние сме во средина на оваа четврта индустриска револуција“, тој забележа. Со сите промени во технологијата, рече тој, Американците се прашуваат „Ќе има ли средна класа? Што ќе прават луѓето?… Постои вистинска, вистинска вознемиреност“.

Френклин Д. Рузвелт во неговото прво инаугуративно обраќање им рече на Американците дека „единствено нешто од кое треба да се плашиме е самиот страв“, челичејќи едно деморализирано граѓанство да се држи цврсто во услови на банкарска криза која се закануваше да ја уништи веќе разорената економија.

Бајден ќе ја преземе должноста во поекстремни домашни околности отколку кој било друг претседател од времето на Рузвелт, со широкораспространета болест и смртност и милиони Американци невработени, гладни или кои се изложени на ризик да ги загубат своите домови.

Како и неговиот Демократски претходник, тој ќе ги искористи познатите воведни моменти од неговиот мандат за да го повика исцрпениот народ да се обедини, во заедничка цел – со помош на новите вакцини – овој пат да се победи вирусот и да се спаси економијата.

Меѓутоа, прашање е дали повиците на Бајден за национално единство ќе одекнат кај луѓето кои не гласаа за него по немилосрдните напади на Трамп врз легитимноста на неговата победа во претседателските избори. Но, повикот на Бајден за дејствување може да носи поголема итност сега кога вирусот ги зафаќа руралните места во срцето на земјата кои се со споредбено понесеопфатни здравствени системи, кои го избегнаа првиот бран на инфекција што беше концентриран во голем број градови кои имаат тенденција да гласаат за Демократите.

Интервјуто на Бајден – неговото прво интервју по изборите кое ја вклучи и Харис – подвлече целосна корекција на курсот на односот на Трамп кон вирусот. Пандемијата никогаш не била полоша отколку што е сега во САД. Еден Американец умира на секои 30 секунди во време на рекордни бројки на смртност и хоспитализации. Докторите и медициснските сестри се исцрпени по многуте месеци поминати во преполнетите Ковид центри.

Повеќе од 276,000 луѓе се починати од корона вирусот во САД, а нацијата постави и нов рекорд на хоспитализирани во четвртокот, со над 100,667 луѓе кои се лекуваат од Ковид-19.

Сепак, сегашниот претседател ја игнорира катастрофата и продолжува со неговите фантастични лаги и тврдења дека изборите што ги изгуби со добра разлика му се украдени.

Трамп често се мајтапи со носењето маски. Организира празнични забави во Белата куќа игнорирајќи ги здравствените препораки на сопствената влада. Кога се врати дома по неговата битка со Ковид-19 во воена болница, тој фамозно се сврте кон камерите и ја откина маската.

Спротивно на тоа и доколку минатото однесување е било каков водич, се очекува дека една од првите постапки на Бајден по одржување на инаугаративниот говор за 47 дена ќе биде повторно да ја стави неговата маска.

CNN/ превод Н. Цветковска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ