Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Time.mk соопштија дека порталите од Регистарот на професионални онлајн медиуми Промедиа.мк отсега ќе бидат јасно назначени на агрегаторот Time.mk (https://time.mk/blue).
На овој начин Time.mk ќе се приклучи во напорите за саморегулација на двете новинарски оганизации во обид да се препознаат професионалните и етички онлајн медиуми.
Главната цел за креирањето на Регистарот е да придонесе да се поттикне процесот на професионализација во работењето на онлајн медиумите, а со тоа и подобрување на нивниот кредибилитет, како и препознавање на оние кои ги почитуваат стандардите наспроти неетичките кои го нарушуваат угледот на професионалните онлајн медиуми.












