• Latest

Половина од општините немаат објавено информации за услугите што ги обезбедуваат

July 6, 2021
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Половина од општините немаат објавено информации за услугите што ги обезбедуваат

July 6, 2021 13:36
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Постојниот квалитет на услуги кои ги обезбедуваат единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) на веб-порталите не обезбедува ефективна и брза услуга за граѓаните, ниту пак еднаков третман, пристап и достапност за секој граѓанин и правно лице. Ова го утврдува Државниот завод за ревизија во објавениот конечен ревизорски извештај од извршената ревизија на информациските системи како Ревизија на успешност на тема „Квалитетот на услугите кои ги даваат ЕЛС преку своите веб-портали“.

– Достапноста на е-услугите преку интернет со примена на стандардите за веб-пристапност на е‐услугите се уште не е на задоволително ниво. Движењето низ веб-порталите и обезбедувањето е-услуги, како и достапноста до информациите, упатствата и формуларите за одредена услуга не се унифицирани за сите ЕЛС, а проблематично е и пребарувањето на веб-содржините, соопшти ДЗР.

Државниот завод за ревизија во 2019 и 2020 година изврши ревизија на информациските системи како ревизија на успешност на тема „Квалитетот на услугите кои ги даваат ЕЛС преку своите веб портали” . Со ревизијата беа опфатени сите единици на локална самоуправа и градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, или вкупно 81 ЕЛС, како и Министерството за локална самоуправа и Министерството за информатичко општество.

-Ревизијата го опфати периодот од 2016 до 2020 година, како и одредени области, прашања и настани и пред 2016 година и последователно до денот на известување за извршената ревизија. Со цел да биде зголемен опфатот на ревизијата, ревизорите доставија онлајн-прашалник до сите општини во РСМ, за прибирање податоци за квалитетот на услугите кои ЕЛС ги обезбедува преку своите веб портали. На доставениот прашалник одговорија вкупно 77 ЕЛС, а одговор не доставија следните општини:
Арачиново, Сарај, Студеничани и Кичево, информира ДЗР.

Со извршената ревизија за квалитетот на услуги кои ги даваат ЕЛС преку своите веб-портали, ревизорите утврдиле дека 38 ЕЛС (49,3 отсто) немаат наведено на своите веб- портали информации за услугите што им ги обезбедуваат на граѓаните и правните лица; две ЕЛС (2,6 отсто) имаат недостапни веб-портали; 36 ЕЛС (46,8 отсто) немаат објавени формулари за услугите кои ги обезбедуваат; 39 ЕЛС (50,6 оттсо) немаат објавено информации кои се однесуваат на административните такси за услугите;23 ЕЛС (29,8 отсто) на своите веб-портали немаат воспоставена можност за електронско пријавување проблем при обезбедувањето на јавните услуги.

-Од декември 2019 година, во употреба е пуштен Националниот портал за е-услуги, кој треба да биде единствената врска на граѓаните со институциите. На порталот https://uslugi.gov.mk/ во текот на извршување на ревизија има понудени 810 услуги, од нив 151 електронска услуга (е-услуги), од различни дејности и институции, но нема ниту една електронска услуга која е во надлежност на ЕЛС. Планирањето на локалниот економски развој, утврдување на развојните и структурните приоритети, согласно законската регулатива е во надлежност на ЕЛС, наведува Државниот завод за ревизија.

Стратегија за локален економски развој немаат изготвено 35 ЕЛС (45,4 отсто), а дури
71 ЕЛС (92,2 отсто) немаат изготвено Стратегија за развој на информацискиот систем и
употреба на информатичката технологија . Стратегијата за локален економски
развој на својот веб-портал, пак, не ја објавиле 54 ЕЛС (70,1 ) .

-Иако транспарентноста и отчетноста во работата на ЕЛС се предвидени во Законот
за локална самоуправа, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за користење на податоци од јавниот сектор, кај поголем дел на ЕЛС е забележано отсуство на информации или нецелосни информации за користење на јавните средства од страна на единиците на локална самоуправа, односно недоволна буџетска транспарентност , а не е обезбеден ниту пристап до информации од јавен карактер или пак се објавени нецелосни информации од јавен карактер, наведва ДЗР во извештајот.

Во најголемиот дел од општините, ревизорите констатирале недоволни човечки и
материјални ресурси, потребни за воспоставување е-услуги, како и непостоење
анализа и утврдени минимални потребни ресурси неопходни за непречено
обезбедување квалитетни услуги преку веб-порталите на ЕЛС;

Кај најголемиот дел од општините е детектирано нефункционално решение за
следење на состојбата на давање услуги од субјектите кои вршат јавни услуги, како
и отсуство на редовно следење на квалитетот на јавните услуги на локално ниво. Истовремено, дел од општините немаат обезбедено безбедносен HTTPS протокол за
пристап до веб-порталите, со кој би се овозможила безбедна размена на електронски
пораки и податоци.

Ревизорите во извештајот препорачуваат дека е неопходно надлежните институции да преземат активности и конкретни мерки во функција на подобрување и унапредување на квалитетот на услугите кои ги даваат ЕЛС преку своите веб-портали, како и зголемување на бројот на е-услуги.

– Дополнително, потребно е да се дејствува проактивно во насока на подигнување на
јавната свест на граѓаните за користењето на услугите по електронски пат, како и
едукација во делот на придобивките од ваквиот начин на реализирање на услугите
наместо на традиционалниот начин, особено во услови на пандемија како што беше
случајот со вирусот Ковид-19, наведува ДЗР во ревизорскиот извештај.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ