• Latest

Заев: Владините политики за еколошка енергија ја донесоа првата инвестиција во ветропарк вредна 61 милион евра

July 8, 2021

ЦИВИЛ им се обрати на набљудувачите: Доследност, непристрасност, тимска работа и професионалност

November 2, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни, ЦИВИЛ на терен со 60 набљудувачи

November 2, 2025

Почна гласањето за вториот круг од локалните избори

November 2, 2025

Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ ја започна работата на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 2, 2025
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Владините политики за еколошка енергија ја донесоа првата инвестиција во ветропарк вредна 61 милион евра

July 8, 2021 09:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Развивме сериозен енергетски стратешки план и една од точките на Акција 21, како и во Интервентниот План за инвестиции 2021-2027 е енергетиката. Тоа го потврдуваат и резултатите, нашата земја е на врвот, меѓу шампионите во регионот по раст на обновливи извори на енергија. Само за минатата година го зголемивме производството на енергија од обновливи извори на 827 мега-вати, што претставува раст од 10,1% и е во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3 отсто“, рече премиерот Заев на настан по повод означување на инвестицијата ветропарк Богословец.

Премиерот Заев изрази чест и задоволство што првиот парк на ветерници во земјата – Богословец станува реалност и рече дека проектот е исклучителен придонес кон пренасочување на националното производство на електрична енергија кон обновливи извори и надополнување на електричното производство приклучено на државниот оператор.

„Се работи за инвестиција вредна над 61 милион евра во општините Свети Николе и Штип. Ветропаркот Богословец со предвидените осум турбини и моќност од 36 мегавати ќе го удвои постојниот ветерен капацитет во земјата и ќе придонесе кон намалување на CO2 емисиите од над 87 илјади тони годишно“, рече Заев и подвлече дека важно за целиот инвестициски циклус е фактот што при изградбата се запазуваат еколошките стандарди и истовремено се поддржуваат општите цели на земјата за климатска транзиција и обновлива енергија.

„Современата инвестиција со имплементирање на најмодерна технологија, се очекува да заврши за две години. Тоа значи во наредните 25 години обезбедување стабилно снабдување со зелена и еколошка електрична енергија за околу 20 илјади домаќинства“, објасни Заев и изрази благодарност до поддржувачите и инвеститорите на проектот.

„Голема благодарност, покрај до инвеститорот „Тхор Импекс“, и до „Erste Group Bank“ која го обезбеди повластениот кредит заедно со комерцијалните банки „Шпаркасе“, „Комерцијална“ и „НЛБ“, а особено и до „Австриската банка“ за развој за финансирање на проектот“, партнери кои, како што рече премиерот, со изградбата на овој ветерен парк, придонесуваат кон заедничката цел за зачувување на животната средина и зголемување на процентот на обновливи извори на енергија согласно зацртаните цели во стратешките документи кои ги усвои Владата.

Министерот Крешник Бектеши подвлече дека Министерството за економија како надлежно за политиките во делот на енергетиката ги поддржува активностите за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност, со цел реализација на зацртаните цели за учеството на обновливите извори на енергија утврдени во стратешките документи во насока на постигнување зелена и еколошка енергија.

„Ја усвоивме Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, која во столбот декарбонизација меѓу другото препорачува промовирање на обновливите извори на енергија на начин кој обезбедува одржлив развој и се предвидува дека фотонапонските и ветерните електроцентрали ќе бидат најбрзорастечки технологии за производство на електрична енергија во сите сценарија, односно се планира изградба на 750 MW ветерни електроцентрали“, рече Бектеши. Тој истакна дека е изработен Национален план за енергија и клима, согласно европското законодавство во соработка на Министерството за економија и Министерството за животна средина и просторно планирање, со што се предлагаат мерки кои ќе обезбедат диверзификација на понудата, зголемена конкуренција на енергетските пазари, зголемено искористување на обновливите извори на енергија, зголемување на домашното производство на енергија, обезбедување и континуитет во снабдувањето со енергија на домаќинствата и компаниите, намалување на емисиите на стакленички гасови и подобрување на општата состојба на животната средина.

На настанот по повод означување на инвестицијата ветропарк Богословец присуствуваа и првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ