Охис е обезбеден, пожарот е целосно под контрола и безмалку изгаснат, нема опасност за граѓаните, ниту од експлозија ниту од отровни гасови, ниту од ширење на пожарот, објави на Фејсбук директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Од ЦУК претходно известија дека на терен беа четири противпожарни возила.
Патот кон Драчево беше затворен поради пожарот во кругот на фабриката, а сообраќајот беше пренасочен преку Лисиче.
Не е позната причината за избувнувањето на пожарот.
Ј. Ѓ.












