Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук. Тој се наоѓа во беровско Будинарци, со граѓаните, пожарникарите, полицајците, доброволците, војниците.
Беровско Будинарци е уште едно од македонските населени места кои се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината, наведува Заев на Фејсбук.
Упатуваме огромна благодарност за помошта која е пристигна од Србија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија, истакнува тој.
Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош, заедно ќе се справиме со оваа опасност, додава Заев на својот ФБ-профил.










