• Latest
Новиот мал сојуз: Украина, Полска и Велика Британија (мапа од ФБ профилот на Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба)

Целосна слика за украинско-руската криза

February 15, 2022

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Целосна слика за украинско-руската криза

February 15, 2022 10:43
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Новиот мал сојуз: Украина, Полска и Велика Британија (мапа од ФБ профилот на Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба)

Новиот мал сојуз: Украина, Полска и Велика Британија (мапа од ФБ профилот на Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба)

Share on FacebookShare on Twitter

„Зошто би се водела таа војна? За тоа веќе се заборавија многу битни детали. За тоа говореше аналитичкиот текст на украинската амбасадорка во земјава, изложен на тематска дебата на Цивил минатата среда , како и некои други анализи. Посебно место заземаат договорите од Минска 1 и 2, кои се потпишани пред седум години, кога Украина беше во лоша состојба на фронтот, во 2014 година, кога на оваа земја и беа одземени полуостровот Крим и областа Донбас, која зазема над 7 отсто од нејзината територија.“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Дали е среда „Денот Д“ за Украина?“.

Украинската амбасадорка во Северна Македонија, Н.Е. Наталија Задорожњук во своето обраќање на панелот на ЦИВИЛ „Руско – украинската криза и Северна Македонија“ меѓу другото вели дека Русија ја гледа Украина како пречка што и се заканува на режимот на Путин.

„Главните причини за оваа не само хибридна, туку и вистинска војна се стремењето на Русија да ја обнови империјата, да го зачува нејзиниот авторитарен режим, со помош на Украина, Белорусија, Молдавија и Грузија да се оддели од Западниот свет. Русија сака да ги гледа нашите земји, а особено Украина, како контролирана пречка за ширење во Русија на западните вредности, слобода и демократија, кои му се закануваат на авторитарниот режим на Путин. Силната, просперитетната, демократската Украина е сериозна закана за Путинскиот режим“. посочи Задорожњук.

„Не можеме да очекуваме веднаш да се заврши, со средбата на Макрон и Путин, ова ќе трае, сега ќе има билдање мускули, кој повеќе ќе се испазари. Ако го следевте отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг, имаше една изјава за време на средбата за потпишување на декларацијата помеѓу Путин и Си, имаше една проста проширена реченица, во која се вели дека двете држави ќе се борат за зачувување на политичките и воени придобивки од Втората светска војна.“ вели Александар Николиќ Писарев.

Весна Попоска, деканка на правниот факултет при универзитетот „Визион“ на панелот меѓу другото вели дека овој конфликт веројатно ќе се третира како „војна“ во форма на хибриден или сајбер напад.

„Сметам дека конфликтот  ќе се третира како конфликт со низок интензитет. Нема да го премине оној праг на општа војна. Ова се должи на многу контексти, но пред се на доктрината на Валери Герасимов, која е актуелна особено во последните десетина години, каде што како главен метод на руската доктрина, се јавува војување кое не е толку видливо. Она што сега се нарекува хибриден или сајбер напад, борба со информации, или сите оние нетипични воени дејствија.“, изјави Попоска.

Џабир Дерала од ЦИВИЛ се осврна на влијанието на војната врз светот, како и врз земјите од Западен Балкан.

„Руско-украинската криза има силно влијание врз целиот свет, а последици веќе се чувствуваат во Северна Македонија, како и во земјите на Западен Балкан. Пред сè, земјите на Западен Балкан се ранливи од повеќе аспекти, особено затоа што не се под чадорот на ЕУ, кој има далеку поголема економска и политичка моќ да ги заштити своите земји членки. Дел од земјите на Западен Балкан се членки на НАТО, што е „олеснителна околност“. Но последиците во поглед на економијата, како и силниот пропаганден притисок, ги прават сите земји во регионот подложни на политичка нестабилност и кризи“, посочува Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ кој воедно беше и модератор на панелот “Руско –украинската криза и Северна Македонија“ што се одржа на 9 февруари 2022.

Росана Алескоска – МОСТ на панелот се осврна на борбата против лажни вести и наративите, и руската пропаганда во Северна Македонија.

„Во општествата каде што живее православно население, Русија, по правило, ги промовира наративите за словенскиот идентитет и православието, преку различни типови на медиуми, академија, интелектуалци и разни организации, црквата, културата, одредени политичари и политички партии. Во нашиот случај, на Балканот, па и во делот на централна Европа, Русија ги насочува граѓаните кон концептот на споделени вредности на славјанските и православните браќа, и на овој начин, како да го монополизира овој концепт, и нормално, овој наратив е засилен со наративот дека ние како народи немаме ништо заедничко со западниот свет, што апсолутно не е точно.“, вели Алексоска.

Љубомир Костоски на панелот меѓу другото посочи дека Мировниот договор „Минск 2“, кој беше предмет на посетата на францускиот претседател на Москва и Киев е суштински договор, бидејќи од него се базира дали ќе има мир или војна сега за сега.

„Западната поддршка сè повеќе сака да се „фати“ за некој документ, а да не заборавиме, Франција е ко-потписник на тој документ, што значи дека е еден вид на гарант, што не предизвика воодушевување во Киев. Го разбирам нивното чувство и реакција, бидејќи дој договор, како и “Минск 1“, е потпишан во многу неповолни околности за Украина, кога таа беше војнички инфериорна, во 2014 година кога ги изгуби и Крим и голем дел од Донбас, од сепаратистички сили, со огромна помош од Русија.“

Д. Тахири и Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ